Милка Такева - Григоријевиќ (, - , ) — македонски политиколог, една од најмаркатните женски личности во повоениот период на македонската политичка сцена и заслужен лик за развојот на Делчево во урбана општина.

Животопис Такева - Григоријевиќ е родена во 1935 година во Делчево и од млади години била активна на политичката сцена. Во Делчево завршила основно училиште, учителска школа во Штип, а дипломирала политички науки на Универзитетот во Белград. Била една од првите жени политиколози во поранешна Југославија. Такева-Григоријевиќ била член на градското собрание на Град Скопје, како и на општинските собранија на Центар и Гази Баба. Исто така, била и пратеник на Републичкиот собор на Собранието на Македонија, каде што ги водела Одборот за здравство и социјална политика и Одборот за труд.

Од 1981 година до своето пензионирање во 1992 година била делегат на Сојузниот собор на Собранието на ЈугославијаСлужбен Весник на СРМ, бр. 12, 5 април 1986, стр. 252, а од 1986 до 1988 година била и претседател на Сојузниот собор на Собранието на ЈугославијаСлужбен Лист на СФРЈ, бр. 67, 12 декември 1986, стр. 2011, при што во два мандата била координатор на делегатите од МакедонијаСлужбен Весник на СРМ, бр. 14, 1 април 1982, стр. 251, потпретседател на Одборот за здравство и социјална политика и член на Уставната комисија.

Активно била вклучена и во сферата на женските права, како претседател на Конференцијата за општествена активност на жените на Македонија, член на претседателството на Сојузната конференција за општествена активност на жените на Југославија, како и како потпретседател на Националниот совет на жените на Македонија (СОЖМ).

За својата активност има добиено бројни признанија и одликувања, меѓу кои: Орден на Републиката со сребрен венец, Орден заслуги за народ, Орден за труд со златен венец, како и Плакета за безбедност и Плакета за цивилна заштита на Владата на Југославија.

Била мажена за Душан Григоријевиќ и има еден син, Иван.

Починала во Скопје на 24 декември 2017 година.

Наводи

Категорија:Македонски политиколози Категорија:Луѓе од Делчево