мини|десно|300п|Поглед на Видринец (лево) и Свети Ахил (десно) во Малото Преспанско Езеро. Видринец (; Видрониси) — мал остров во областа Голема Преспа, Егејска Македонија. Сместен е во Малото Преспанско Езеро, денес во состав на општината Преспа на Леринскиот Округ, Егејска Македонија.fмап

Местоположба Острвоот е ненаселен и се наоѓа околу еден километар од брегот на с. Л’нки. Недалеку од него, посеверно во езерото, се наоѓа доста поголемиот и попознатиот остров Свети Ахил. На Видринец се наоѓа запустената Видринечка црква (ΧIII - XIV век), а целиот остров зафаќа 3 хектари.

Клима Климата е умерена. Просечната годишна температура е . Најтопол месец е јули, со просечна температура од , а најстуден е јануари, со . Просечната годишна количина на врнежи изнесува 1.001 мм. Највеќе врнежи има во февруари, со просек од 114 мм, а најсув е август, со 33 мм.

Птици На островот се гнездат птици од разни видови, кои се единствените негови жители. Често можат да се видат јата корморани и пеликани, својствени за целиот преспански крај.

Поврзано Видринечка црква Свети Ахил — друг остров во Малото Преспанско Езеро Голема Преспа Мало Преспанско Езеро

Наводи

Категорија:Острови во Егејска Македонија Категорија:Преспа Категорија:Преспа (општина)