Томас Вермален (роден на 14 ноември 1985 година, во Капелен) — поранешен белгиски фудбалер, играч од одбраната и поранешен репрезентативец на Белгија (2006-2021).

Вермален се приклучил на младинската академија на Ајакс во 2000 година, а за време на сезоната 2003-2004, неговата прва со првиот тим, го холандското првенство со Ајакс. Дресот на Ајакс го носел цели шест сезони, а во 2009 година по заминувањето на Клас-Јан Хунтелар, тој бил назначен и за капитен на амстердамскиот гигант. Во 2009 година, Вермален потпишал за Арсенал и веќе во својата прва сезона бил избран во тимот на годината на Премиер Лигата. Со трансферот на  Робин ван Перси во Манчестер Јунајтед во август 2012 година, тој бил избран за капитен на топџиите, но неговите игри и минутажата биле ограничени поради добрите игри на одбранбениот тандем Мертезакер-Кошчелни. Во август 2014 година, тој се преселил во Барселона за 15 милиони евра, каде поради бројните повреди не успеал да се наметне. Откако една сезона бил позајмен во Рома, во 2019 година се приклучил на јапонскиот Висел Кобе, каде и ја завршил својата кариера во 2021 година.

За репрезентацијата на Белгија, Вермален дебитирал во 2006 година и настапувал се до 2021 година, забележувајќи 85 настапи и 2 гола. Во дресот со државниот грб учествувал на две Светски првенства во 2014 и 2018 и две Европски во 2016 и 2020, како и на Олимписките игри 2008.

Титули Ајакс Ередивиси : 1 2003-2004 Куп на Холандија : 1 2005-2006, 2006-2007 Суперкуп на Холандија : 1 2006, 2007

Арсенал ФА Куп : 1 2020-2021

Барселона Примера Дивисион : 4 2014–2015, 2015–2016, 2017–2018, 2018–2019 Куп на Шпанија : 2 2015–2016, 2017–2018 Светско клупско првенство : 1 2015

Висел Кобе Куп на Императорот : 1 2019 Суперкуп на Јапонија : 1 2020

Репрезентативни Белгија Светско првенство во фудбал : 20px|Бронзен медал Трето место: 2018

Наводи

Надворешни врски

Томас Вермален на soccerway Томас Вермален на transfermarkt Томас Вермален на espn Томас Вермален на tuttocalciatori Томас Вермален на goal.com

Категорија:Родени во 1985 година Категорија:Фудбалски дефанзивци Категорија:Белгиски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Ајакс Категорија:Фудбалери на ФК Арсенал Категорија:Фудбалери на ФК Барселона Категорија:Фудбалери на ФК Рома Категорија:Фламанци Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери од Ла Лига Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2014