Свети Наум Охридски — македонски православен храм во Охридското село Орман. Таа е еднокорабна, градена од кршен камен со полукружна апсида на источната страна.

Црквата се наоѓа над селото, односно на ридот Чекоштина и е од поново време, однисно од 50тите години на XX век. Изградена од самите селани на некогашниот имот на манастирот Св. Наум. Орманци во минатото верувале дека духот на Св. Наум е присутен на овој простор и рано наутро кога одле на орање забелжувале како се издига сноп светлина и патува над езерото кон Св. Наум. Патронот на црквата се прославува на 3 јули секоја година.

Галерија

Наводи

Надворешни врски Службен профил на Facebook

Категорија:Орман (Охридско)