Вознесение Христово — манастирска црква во Охридското село Горно Лакочереј. Таа е главна и единствена црква во Лакочерејскиот манастир. Црквата се наоѓа на околу 4 км југоисточно од селото, под падините на месноста Дебела Леска и е изградена во 1930 година. По својата градба, претставува развиен крст впишан во квадратна основа, со купола на средината. Градена е од делкан камен, во нововизантиски стил. Од јужната страна, истовремено, е изградена припрата. Фрескоживописана е во седумдесеттите години на XX век, за време на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Методиј. На 21 мај 2015 година, црквата била преосветена.Осветена манастирската црква „Св. Спас“ и конаците во Горно ЛакочерејLakočerejski manastir stara.jpg

Поврзано Лакочерејски манастир; Црква „Св. Никола“ - изградена на темели на црква од XIX век и осветена на 4 јуни 1995 година; Црква „Св. Атанасиј“ - изградена во 1963 година; Црква „Св. Илија“ - најновата селска црква. Почната да се гради во мај 2012 година; Црква „Св. Јован Крстител“ - камен темелник удрен во 2006 година;

Наводи

Надворешни врски Официјален Facebook профил на манастирот

Категорија:Горно Лакочереј