десно|мини|250x250пкс|Пелешка ерупција: 1 Облак од пепел, 2 Падната вулканска пепел, 3 Лавина купола, 4 Вулканска бомба, 5 Пирокластичен проток, 6 Слоеви на лава и пепел, 7 Стратум 8 Магматски канал, 9 Магматско огниште 10 Дига Пелешка ерупција — вид на вулканска ерупција која се одликува со брзо движење на пирокластични текови или бранови кои опожаруваат сè што ќе им се најде на патот. Притоа од вулканот големи количини на прашина, карпи и гас се исфрлаат од вулканот, кои потоа се спуштаат по падините како пирокластични потоци. Ваквата ерупција може да се случи кога магмата е многу вискозна, обично од риолитски или андезитски тип и истата дели сличности со вулканолошкиот тип на ерупција.

Особености Најважната одлика на пелешката ерупција е присуството на блескава лавина на топла вулканска пепел, таканаречениот „зажарен облак“ односно пирокластичниот тек како и формирањето на лавини куполи. Исто така е забележливо дека кратките текови на пепел создаваат конуси од пемза.

Почетната фаза на ерупција се одликува со пирокластичен тек. Талозите од тефра имаат помал обем и опсег од соодветните плиниски и вулкански ерупции. Вискозната магма потоа формира стрмни куполи или вулкански ' рбет во отворот на вулканот. Куполата подоцна може да колабира, што ќе резултира во текови на пепел и исфрлање зажарени камени блокови.

Циклусот на ерупција обично завршува по неколку години, но во некои случаи може да продолжи и неколку децении, како и во случај на вулканот Сантјагито.

Име Типот на ерупција името го добил по ерупцијата на вулканот Пеле на Карибите кој избувнал во 1902 година убивајќи 28 000 луѓе. Оваа пелешка ерупција била една од најголемите вулкански катастрофи на 20-от век која целосно го збришала градот Сен Пјер на Мартиник, (Антили), низ серија моќни ерупции.

Примери Други примери на пелешка ерупција се следниве: Ерупцијата во 1948–1951 на вулканот Хибок-Хибок на Филипините. Ерупцијата на 21 јануари 1951 на вулканот Ламингтон во Папуа Нова Гвинеја кој убил над 3000 луѓе. Ерупцијата во 1956 на вулканот Безимјани на Камчатка (Русија). Ерупцијата 21 април 1968 на вулканот Мајон на Филипините. Ерупцијата во 1980 на планината Сент Хеленс во САД. 

Наводи

Категорија:Видови на вулкански избуви