Кречетало или чкртало – детски идиофоничен удирачки дрвен инструмент. Го прават самите деца напролет од врбово дрво. Има четири главни делови – четириаголна рамка, јазиче, запченик и рачка со оска што го врти запченикот. При вртење на запченикот со рачката, јазичето удира од еден во друг забец на запченикот и така се произведува брзо чкртање со остар звук. Децата се забавуваат натпреварувајќи се преку создавање најсилен звук.

Галерија

Наводи

Категорија:Дрвени музички инструменти Категорија:Играчки