Самуил Борисович Бернштејн (, – , ) — руски лингвист, славист, македонист.Самуил Борисович Бернштејн

Животопис Тој произлегол од школата на познатиот руски славист А.М.Селишчев и бил долгогодишен раководител на Катедрата за словенска филологија на Московскиот универзитет „Ломоносов” и на Одделот за славистика и балканистика на АН СССР. Творештво Бил автор на околу 400 научни трудови, вклучително и 18 книги. Член на МАНУ надвор од работниот состав (избран на 25 декември 1969 година). Еден од првите слависти што (во првото издание на Големата советска енциклопедија, 1938) го одбележа постоењето на македонскиот јазик како посебен член на словенското јазично семејство. Во Одескиот архив (1934) имал најдено единствениот примерок на дел од коректурите од необјавеното списание „Вардар” на Крсте Петков Мисирков . Објавил две статии за тоа списание. Во 1938 година, во една своја статија објавена во Големата светска енциклопедија, првпат се осврнал на македонскиот јазик, како посебен словенски јазик. Тоа било првиот случај да се зборува за во една значајна публикација за посебноста на македонскиот јазик. Непосредно по завршувањето на Втората светска војна, неговиот интерес за македонскиот јазик се зголемил, а особено со неговото проучување на Крсте Петков Мисирков. Во 1946 почнал да ја пишува граматиката на македонскиот јазик. Неговиот придонес за изучувањето на македонскиот јазик се зголемил и со тоа што под негово менторство биле изработени првите докторски дисертации од таа област. Бил еден од најголемите слависти на 20 век и многу се занимавал со македонскиот јазикИСЧЕЗНАТИОТ ПРВ ТЕКСТ НА МАКЕДОНСКАТА ГРАМАТИКА ОД 1946.

Наводи

Надворешни врски Самуил Борисович Бернштејн Стари и ретки книги за македонскиот јазик

Категорија:Руски лингвисти Категорија:Руски слависти Категорија:Руски македонисти Категорија:Академици на МАНУ Категорија:Носители на орденот „Знак на Честа“ Категорија:Родени во 1910 година Категорија:Погребани на Воведенските гробишта