мини|Симболи на трите најголеми религиозни религии: Еврејската Давидова ѕвезда, христијанскиот крст и ѕвездата со полумесечина која го претставува исламот.</ref> Аврамските религии (збирен поим: аврамизам) — група религии кои водат потекло од јудаизмот на старите Израелци и обожавањето на Богот на Авраам. Аврамските религии се монотеистички, наречени така според Авраам (голема фигура опишана во Танахот и во Куранот, признаена од Евреите, христијаните, муслиманите и други)."Philosophy of Religion". Encyclopædia Britannica. 2010. Трите големи религии своето потеклото го наоѓаат во двата сина на Авраам. За Евреите и христијаните тоа е неговиот најмлад син Исак и за муслиманите, неговиот најстар Исмаил. мини|Верски групи како процент од светската популација (2005) Аврамските религии се прошириле на глобално ниво преку прифаќањето на христијанството од страна на Римската Империја во IV век и исламот од исламските империи од VII век. Денес аврамските религии се една од најголемите поделби во компаративната религија (заедно со религиите од Индија, Иран и Источна Азија ). Најголемите аврамски религии по хронолошки редослед на основање се јудаизмот (основата на другите две религии) во VII век пр.н.е., христијанството во I век од н.е., и исламот во VII век од н.е.
Христијанството, исламот и јудаизмот се аврамски религии со најголем број приврзаници. Аврамските религии со помалку приврзаници ја вклучуваат друзиската вера (понекогаш се смета за дел од исламот),бахаизмот и растафаријанството .
, се проценува дека 55.5% (3.8 милијарда луѓе) од вкупната популација на светот се припадници на аврамските религии. Христијани се декларираат 31.2% од светската популација, Исламот има 24.1%, а јудаизмот 0.2%The numbers, based on upper bounds, do not add to 100%.
Потекло на поимот Католичкиот изучувач на исламот Луј Масињон изјавил дека изразот „аврамска религија“ значи дека сите овие религии потекнуваат од еден духовен извор. Современиот термин потекнува од множината форма на „религијата на Ибрахим“, арапската форма на името на Авраам.Guy G.Stroumsa, The Making of the Abrahamic Religions in Late Antiquity, Oxford University Press 2015 p.7
Божјото ветување во Откровение 15: 4-8 во врска со наследниците на Авраам станало парадигматско за Евреите, кои за Авраам велат „нашиот татко Авраам“ (Аврахам Авину ). Со појавата на христијанството, апостол Павле, во Римјаните 4: 11-12, исто така го нарекол „татко на сите“ оние што имаат вера, обрежани или необрежани. Исламот исто така се замислил како религија на Авраам.Jon D. Levenson, Inheriting Abraham: The Legacy of the Patriarch in Judaism, Christianity, and Islam, Princeton University Press, 2014 ch.1 & pp.3, 6, 178-179
Сите аврамски религии тврдат директна лоза на Авраам, иако во христијанството тоа повеќе се сфаќа во духовна смисла:
Авраам е запишан во Тората како предок на Израелците преку неговиот син Исак, роден од Сара преку ветување дадено во Стариот завет. [ Откровение 17:16 ] Scherman, pp. 34–35. Христијаните го потврдуваат потеклото на Евреите во Авраам, но за нив верата е таа што го одредува прашањето на христијанското, а не линеарното директно потекло. Исламската традиција е дека Мухамед, како Арап, потекнува од синот на Авраам, Исмаил . Еврејската традиција ги изедначува и потомците на Исмаил, Исмаелитите со Арапите, додека потомците на Исак преку Јаков, кој подоцна бил познат и како Израел, се Израелците.Saheeh al-Bukharee, Book 55, hadith no. 584; Book 56, hadith no. 710
Потекло и историја Цивилизациите што се развиле во Месопотамија влијаеле врз некои религиозни текстови, особено на Хебрејската Библија и Стариот завет. За Авраам се вели дека потекнува од Месопотамија.
Јудаизмот се смета себеси за религија на потомците на Јаков, јаков бил наречен исто така Израел, име за кое во Библијата се вели дека му го дал Бог. внук на Авраам. Има строго унитарно гледиште за Бог, а централната света книга за скоро сите гранки е Масоретскиот текст како што е објаснето во Тората. Во 19 век и 20 век, јудаизмот развил мал број гранки, од кои најзначајни се православните, конзервативните и реформираните . Христијанството започнало како секта на јудаизмот cf. Judaizer, Messianic Judaism во Средоземјето With several centers, such as Rome, Jerusalem, Alexandria, Thessaloniki and Corinth, Antioch, and later spread outwards, eventually having two main centers in the empire, one for the Western Church and one for the Eastern Church in Rome and Constantinople respectively by the 5th century CE од првиот век од н.е. и се развило во посебна религија - христијанство - со карактеристични верувања и практики. Исус е централна фигура на христијанството, за кое скоро сите деноминации се смета дека е Бог Син, една личност на Троица. Во текот на многуте векови, христијанството се поделило на три главни гранки (католички, православни и протестанти ), десетици значајни деноминации и стотици помали. Исламот се појавил на Арапскиот Полуостров Islam arose specifically in Tihamah city of Mecca and Hejaz city of Medina of Arabia во VII век од н.е. со строго унитарно гледиште за Бога .The monotheistic view of God in Islam is called tawhid which is essentially the same as the conception of God in Judaism Муслиманите сметаат дека Куранот е крајниот авторитет, како што е откриено и објаснето преку учењата и практиките Teachings and practices of Muhammad are collectively known as the sunnah, similar to the Judaic concepts of oral law and exegesis, or talmud and midrash на еден централен, но не божествен пророк, Мухамед. Исламската вера ги смета сите пророци и гласници од Адам преку последниот гласник (Мухамед) да ги носат истите исламски монотеистички принципи. Набргу по основањето, исламот се поделил на две главни гранки (сунитски и шиитски ислам), од кои секоја сега има голем број деноминации.
Припаднички религии мини|Еврејски рабин со Тора
Јудаизам Еден од основните текстови на јудаизмот е Танах, каде се кажува за односот на Израелците со Бог од нивната најрана историја до изградбата на Вториот храм (околу 535 пр.н.е.). Авраам е поздравен како прв хебрејски татко на еврејскиот народ . Еден од неговите правнуци бил Јуда, од кого религијата на крајот го добила своето име. Израелците првично биле поголем број племиња кои живееле во Кралството Израел и Јудеја.
Откако биле освоени и прогонети, некои членови на Кралството Јудеја на крајот се вратиле во Израел. Подоцна тие формирале независна држава под Хасмонејската династија во 2 и 1 век пр.н.е., пред да потпаднат под власта на Римското Царство, кое исто така ја освоило државата и ги растерало нејзините жители. Од 2 до 6 век, Евреите го напишале Талмудот, долгогодишно дело на правни пресуди и библиска егзегеза, што заедно со Танахот е клучен текст на јудаизмот.
Христијанство мини|Христијанството се темели на учењата во Библијата. Христијанството започнало во 1 век како секта во рамките на јудаизмот што прв ја водел Исус. Неговите следбеници го сметале за Месија, како во Исповедта на Петар. Тие веруваат дека по неговото распнување и смртPavlac, Brian A (2010). A Concise Survey of Western Civilization: Supremacies and Diversities. Chapter 6. постои воскреснување и дека Бог ќе се врати на крајот на времето за да им суди на живите и мртвите и да создаде вечно Божјо Царство. Неколку децении по смртта на Исус, новото движење се разделило од јудаизмот. Христијанското учење се заснова на Стариот и на Новиот завет на Библијата.
После неколку периоди на наизменични гонења и релативен мир наспроти римските власти под различни администрации, христијанството станало државна црква на Римската Империја во 380 година, но од самиот почеток е поделено во разни цркви. Византиското Царство се обидела да го обедини христијанскиот свет, но тоа официјално завршило со источно-западниот раскол од 1054 година. Во 16 век, раѓањето и растот на протестантството за време на реформацијата дополнително го поделиле христијанството.
Ислам мини|Кенотаф над пештерата на патријарсите,кој традиционално се смета за гробот на Авраам. Исламот се заснова на учењата на Куранот. Иако смета дека Мухамед е Печат на пророците, исламот учи дека секој пророк го проповедал исламот, бидејќи зборот ислам буквално значи потчинување на Бога, главниот концепт што го проповедаат сите аврамски пророци. Според учењата на Куранот, муслиманите се директно и конечно откритие и зборови на Алах (т.е. Бог на арапски). Исламот, како христијанството, е универзална религија. Како јудаизмот, тој има строго унитарна концепција за Бог, наречена тевхид или „строг“ монотеизам.
Други аврамски религии
Бабизам Бабизмот ( ), исто така познат како бајанска вера This has been the standard term which the modern followers of Bábism have adopted in order to identify themselves, however it has not been popular within scholarship, modern and contemporary to the religion's founders, the majority of scholars—such as Browne for instance—choosing to refer to the religion as Bábism or the Bábí FaithVarnava, Andrekos, Nicholas Coureas, and Marina Elia, eds. The Minorities of Cyprus: Development patterns and the identity of the internal-exclusion. Cambridge Scholars Publishing, 2009. p. 362 ( арапски : , Бајани ), е монотеистичка религија во која се тврди дека постои еден бестелесен, непознат и несфатлив Бог кој ја манифестира својата волја во бескрајна серија на теофании, наречени богојавленија (арапски: ). Тоа е исклучително мала религија, со не повеќе од неколку илјади приврзаници според тековните проценки, од кои повеќето се сконцентрирани во Иран. Основана е од „Али Мухамед Ширази“ кој прв ја презеде титулата Баб ( „Порта“) од каде религијата го добила своето име, односно, од верувањето дека тој бил портата на дванаесеттиот имам.
Основан во 1844 година, бабизмот цветал во Персија до 1852 година, а потоа продолжил да постои во Османлиското Царство, особено во Кипар. Како аномалија меѓу исламските месијански движења, движењето сигнализира прекин на исламот, започнувајќи нов религиозен систем со свои уникатни закони, учења и практики. мини|Деветкраката ѕвезда како симбол на бахаизмот
Бахаизам мини|Друзиска ѕвезда Бахаизмот, кој датира од крајот на 19 век, е ново религиозно движење, кое понекогаш е наведено како аврамско од страна на научни извори на различни полиња. Бахаула (1817–1892), основачот, тврдел дека е пророк со потекло од Авраам. Религијата дели многу заеднички точки со јудаизмот, христијанството и исламот. Го нагласува монотеизмот и верува во еден вечен трансцендентен Бог,
Друзизам Друзизам е монотеистичка религија заснована на учења на високи исламски фигури како Хамза ибн-Али ибн-Ахмад и Ал-Хаким би-Амр Алах, и грчки филозофи како Платон и Аристотел. Хамза ибн Али ибн Ахмад се смета за основач на друзизмот и главен автор на ракописите. Јето од Мидијан се смета за предок на Друзите, кои го почитуваат како свој духовен основач и главен пророк.
Посланието на мудроста е основниот текст на друзизмот кој вклучува елементи на исламот, гностицизмот, неоплатонизмот, питагорејанството, христијанството, хиндуизмот и други филозофии и верувања, создавајќи посебна и таинствена теологија која е позната по толкувањето на езотерично религиските списи и истакнувањето на улогата на умот и вистинитоста. Друзите ја следат теофанијата, и веруваат во реинкарнација или пренесување на душата. На крајот на циклусот на повторното раѓање, што се постигнува преку последователни реинкарнации, душата се соединува со Космичкиот ум (Ал Аакал Ал Кули). Во друзизмот Исус се смета за еден од најважните Божји пророци.
Друзизмот често се класифицира како гранка на Исмаили шиитскиот ислам. И покрај тоа што верата првично се развила од Исмаили Исламот, друзите не се сметаат за муслимани.
Мандејство