Петар Миљковиќ - Пепек (, — , ) — македонски историчар на уметноста, ликовен критичар, и професор.

Го посвети својот живот на истражувањето на македонското средновековно културно наследство и неговиот придонес во изградбата на римската/ромејската културна ризница. Истражувањата и анализите на архитектонското творештво, фрескоукрасувањето на сакралните споменици и иконописната продукција, и грижата за националниот уметнички трезор.

Петар Миљковиќ - Пепек, постојано се наоѓал во фокусот на научните интересирања и израснал со своите научни дела во антологиски примери на историјата на Римската Империја за време на средниот век. Конзерваторскиот третман, реставраторските зафати и грижата за зачувувањето и заштитата на македонската уметничка ризница, биле негова благородна и драгоцена обврска во текот на целиот негов живот.

Животопис Тој работел во во Археолошкиот музеј (1953-1963), Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата (1963-1975) и Филозофскиот факултет (1975-1990).

Учествувал на единаесет византолошки конгреси во периодот од 1955 до 2001 година, придонел во работата на безбројни научни собири во земјата и во странство и објавил над 220 труда во најреномираните меѓународни списанија за средновековна уметност, преку кои ги претставувил основните контури на неговиот професионален портрет, како стручњак за културно наследство и научник од висок меѓународен ранг.

Творештво Тој го дал првиот опис и го открил епохалното значење на суптилниот богословско-литургиски концепт на олтарното украсување на соборната црква „Св. Софија“ во Охрид. Го разоткрил престолничкото потекло на охридската иконописна збирка од XI век. Проникнал во хуманистичките одлики на ликовниот третман на Нерешкото ателје. Ги согледал длабоките богословски концепти визуелизирани во Курбиновскиот живопис. Го предочил стилско-ликовниот плурализам на македонското сликарство од XIII век. Ги осветлил блескавите дострели на ликовното мајсторство на митрополитот Јован Зограф и јеромонахот Макариј, од последниот период на подемот на македонската средновековна уметност. Неговите долгогодишни проучувања и анализи на различните аспекти на македонското медиевално градителство и ликовната продукција, резултирале со синтези на уметничките текови од одделни етапи на развојот на визуелната култура на нашето подрачје. Тој успеал да го разоткрие и претстави уметничкиот идентитет на одделните столетија, почнувајќи од далечниот период на востановувањето на Светиклиментовата културна традиција, cè до крајот на средновековната епоха, не изоставувајќи ja глобалната анализа на нивното значење во контекст на творечкиот континуитет на ликовната практика на македонската територија. Од друга страна, работел врз монографската интерпретација на одделни споменици и нивното место во средновековната културна историја, што резултирало со продукција на извонредни изданија, во кои: ja осветлил сложената ликовна концепција на фрескоансамблот на: Црква „Св. Никола“ во мариовското село Манастир Го претставил значењето на храмот „Св. Јован Богослов“ – Канео За развојот на македонското сликарство од крајот на XIII век, тој ги реконструирал фазите на создавањето на манастирскиот комплекс во Водоча Ја прикажал раскошната архитектонска визура и мистичниот декоративен аранжман на Богородичината црква во Вељуса. Го открил најголемото балканско средновековно ликовно ателје на Михаил и Евтихиј Ги претставил врвните творечки дострели на македонските зографи врз спектакуларниот иконописен трезор од Марковиот манастир.

Кон крајот на својот живот бил преокупиран со Нерези, со симболиката на длабокото синило на нерешките фрески што ja впило сакралната тага на Страсниот циклус, како и ликовите насликани во варошкиот „Св. Димитрија“, на иконописната збирка од Марковиот манастир.Професор д-р ПЕТАР МИЈБКОВИЌ - ПЕПЕК

Награди Во многубројните награди и признанија се издвојуваат меѓудругите и: Награда „11 Октомври“ (1959, 1967) Награда „13 Ноември“ (1982) Медалот за извонреден придонес во заштитата на културното наследство (1975) Орденот на труд со златен венец (1980) Награда „Готфрид фон Хердер“ за животно дело на Виенската академија (1989)

Наводи

Надворешни врски / Непознат трезор икони Делото на зографите Михаило и Еутихиј Notice de type Personne Миљковиќ-Пепек Петар. Уметничкото богатство на Македонија

Категорија:Македонски историчари на уметноста Категорија:Македонски ликовни критичари Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски историчари на уметноста Категорија:Југословенски ликовни критичари Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Професори на Филозофскиот факултет - Скопје