Јагода Сланева (, – , ) — македонска балерина и кореограф.Јагода Сланева

Животопис Јагода Сланева била дел од првата генерација ученици на Балетот при Македонскиот народен театар. Го завршила Средното балетско училиште во Скопје, во класата на Јуриј Мјачин, професор-гостин од Санкт Петербург. Кариерата ја започнала во 1968 година, со изведба на „Па де де“ од балетот „Оревокршачка“ на музика на Петар Илич Чајковски, а ја завршила во 1992 година, со улогата на Марија во балетот „Бахчисарајска фонтана“.

Творештво Во својата извонредно богата кариера, Јагода Сланева играла главни улоги во најзначајните балети од железниот репертоар на класичната балетска уметност, како: Жизел во балетот „Жизел“,Китри во „Дон Кихот“, Јулија во „Ромео и Јулија “, Кармен во „Кармен“, насловните улоги во балетите: „Легенда за љубовта“, „Ѓаволеста девојка“, „Мирандолина“, „Лабин и Дојрана“, „Песна над Песните“, како и други модерни балети.

Како примабалерина на Македонскиот балет, таа гостувала на различни сцени во Франција, Германија, Полска, Романија, Канада, Словенија, Србија, Хрватска и други земји.ПРИМАБАЛЕРИНАТА И КОРЕОГРАФКА ЈАГОДА СЛАНЕВА

Работела и како педагог, а како кореографка соработувала на повеќе детски претстави во театрите во Скопје, во театарските претстави во повеќе театарски куќи во Македонија, како и на повеќе проекти во независна продукција. Сланева работела и како кореограф на ТВ серијата „Аплаузи” и проектот „Сенки во ноќта” од Бодан Арсовски во МРТ. Освен тоа, Сланева имала богата ТВ-продукција во МРТ.

Примабалерината Сланева ја добила наградата „Менада“, за врвни достигнувања во балетската уметност од скопскиот фестивал „Танц Фест 2017“.

Наводи

Категорија:Македонски балерини Категорија:Македонски кореографи Категорија:Југословенски балерини Категорија:Југословенски кореографи Категорија:Југословенски Македонци Категорија:Добитници на наградат „Менада“