мини|десно|Зградата во која е сместен архивот во Битола одделение на Државниот архив на Република Македонија. мини|Фрагмент од ракопис од Битола, пишуван на средновековен хебрејски јазик од XIII век, се чува во архивот во Битола. Одделението на Државниот архив во Битола е основано во 1954 година како општински архив. Од 1990 година станува подрачно одделение на Државниот архив на Македонија. Одделението во Битола има надлежности над имателите во општините: Битола, Демир Хисар, Могила, Новаци и Ресен со вкупно 195 иматели. Ова одделение работи во нова наменска зграда, на бул. „Први Мај“ бр. 55 во Битола.

Работата на одделението мини|лево|Решение за основање на Околискиот архив во Битола, донесено на седница на Народниот одбор на битолската околија, на 26 мај 1954 година. Одделението располага со 916 фонда и 25 збирки. Најстариот документ е од 15 век (пергамент на стар еврејски јазик). Иако најголемиот број документи се од периодот по Втората светска војна, постои и архивски материјал со многу важни податоци за политичката, културната и стопанската историја на подрачјето на општините за кое е надлежно, како и пошироко за периодот до 1944 година. Читалната располага со 6 места за корисниците, а за нивна потреба се изработуваат ксерокс-копии.

Библиотеката располага со 3.823 книги, 163 наслови на списанија и 155 наслови на весници.

Изданија на Историскиот архив во Битола На полето на издавачката дејност Одделението Битола ги има објавено следниве публикации: „Зборник на паднати борци од НОВ од Битолска околија” 1957 г. „11 март 1943“ по повод егзодусот на Битолските Евреи 1957 г. „Архив - Битола“ водич 1961г. „Водич низ архивските фондови и збирки во Историскиот архив Битола“ 1978г. „Зборник на одбрани документи за историјата на Битола 1941-1944“, 1984 г. (2 книги) „Документи за ограбување на црквите“, 1985г. Едицијата „Незаборавени“ за Трајан Велев - Гоце, Тодор Ангеловски - Строгов, 7 Македонска бригада и 9 дивизија, Елпида Караманди - Бисера, Киро Димитровски - Дандаро од 1986-1989 г. „Спомени и биографии на илинденци“, 1993 г

Поважни фондови Поважни фондови на одделенито во Битола се:

„Градско поглаварство на град Битола“ 1921/1941 г „НОО на Битолска област“ 1944-1945 г „Грчко - Пелагониска митрополија Битола“ 1755 /1905 г „Судските фондови“ од 1919 г „Вакувската управа и муфтиството на битолскиот округ“ 1915- 1947 г. Матични книги на родени, венчани и умрени од 1801 / 1962 г Браќа Манаки 1898 / 1964 г.

Наводи

Категорија:Архиви во Македонија