Денско (, Аетомилица; ; до 1927 г. Δέντσικο, Денцико или Ντένισκο, ДенискоΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δέντσικον -- Γαλαταριά; до 1928 г. Γαλαταριά, ГалатаријаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γαλαταριά -- Αετομηλίτσα) — село во Коничко, Епир, во општината Коница на Јанинскиот округ, Грција. Населението брои 432 жители (2011), сочинето од Власи.
Географија и местоположба Селото е сместено на планината Грамошта под врвот Петра (2.217 м), во непосредна близина на границата со Егејска Македонија и Албанија, на надморска височина од 1.385 до 1.485 м, со што претставува едно од највисоките села во денешна Грција. На 5 км од селото се наоѓаат Муцалските Езера.
Сè до реформите во 2011 г. било своја општина, чиј атар зафаќал површина од 51,3 км2.Νιτσιάκος, Βασίλης Γ., "Αετομηλίτσα", Γιάννινα 1979.
Историја
Во Отоманското Царство Во отоманска статистика од 1895 година, во Денско имало 84 домаќинста со вкупно 805 жители.
За време на Илинденското востание во селото влегла големата чета на војводата Васил Чакаларов, која со радост била дочекана од влашкото население.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1927 година, името на селото било променето во Галатарија (Γαλαταριά). Во 1928 г. е одново преименувано, овојпат во Аетомилица (Αετομηλίτσα).
Во 1935 г. населени се Власи од Денско во селото Липариново, Ениџевардарско.Липариново на страницата на поранешната општина Александар Велики
За време на Грчката граѓанска војна Денско се сметало за седиште на Демократската армија на Грција (ДАГ) со основањето на т.н. „планинска влада“ на генералот Маркос Вафијадис. Бидејќи селото наполно настрадало за време на војните, во пописот од 1951 г. се води како напуштена населба. Сѐ до 1980-тите, Денско останало празно, но населението повторно почнало да бележи пораст.
Стопанство Населението традиционално се занимава со сточарство. Речиси сите семејства оделе на зимување во Тесалија и Егејска Македонија.Село Аетомилица — портал на Општина Коница
Население Година194019511961197119811991200120112021Население8640000239432200 Извор за 1940-2011 г.: ΕΕΤΑΑ-Ελληνική Εταιρία Τοπικής Ανάπτυξης και Αυτοδιοίκησης Α.Ε.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Коница (општина) Категорија:Населени места во Јанина (округ)