мини|Логото на SWIFT СВИФТ (англиски: SWIFT, Society for Worldwide Interbank Financial Telecommunication) претставува здружение за меѓународни меѓубанкарски финансиски телекомуникации. Тоа е банкарска мрежа и софтвер за размена на пораки кој го употребуваат повеќе од 10.800 финансиски институции и корпорации во повеќе од 200 земји. SWIFT овозможува размена на стандардизирани пораки меѓу меѓународните финансиски институции кои се однесуваат на плаќања, тргување со хартии од вредност итн. Седиштето на SWIFT е во Белгија, но има канцеларии во светските најголеми финансиски центри. Историја Од средината на 20 век, основен начин на коминицирање меѓу банките бил Телекс — мрежа на телепринтери заснована врз употребата на телеграфот и телефонот. Телекс е основан во 1930-тите и за кратко време го заменил телеграфот: бројот на коринсиците се зголемил од 30 000 во 1957 година на повеќе од еден милион кон крајот на 1970-тите. Во тоа време, поради нестандардизираните пораки и големите трошоци на преносот, банките започнале да бараат замена за телексот. На пример, во 1973 година, една подружница на Ситибенк го развила системот на пренос на пораки, наречен МАРТИ (Machine Readable Telegraphic Input), а потоа Ситибенк се обидела да ги присили нејзините кореспондентни банки да користат нејзиниот систем. Како одговор на тоа, во 1973 година, 239 банки од 15 земји ја основале непрофитната финансиска инстотуција, наречена СВИФТ, со седиште во Брисел.Marko Cipriani, Linda S. Goldberg, and Gabriele La Spada. „Financial sanctions, SWIFT, and the architecture of the international payment system“. Journal of Economic Perspectives, 37(1), 2023, стр. 42-43.

Историскиот развој на СВИФТ го одбележиле повеќе важни настани, како: 1973 – основање на SWIFT. Во канцеларија со површина од 40 квадратни метри, во центарот на Брисел, како амбициозна идеја била основана фирмата SWIFT. Идејата била прифатена од 239 банки во 15 земји, со што SWIFT ја започнала својата мисија за создавање меѓународна врска за обработка на податоци и комуникација и заеднички јазик за интернационални финансиски трансакции. Carl Reuterskiöld бил првиот извршен директор на SWIFT. 1974 – основање и започнување на партнерствата. Бројот на членки пораснал на 503 во 17 земји но сè уште ниту една порака не била разменета. 1975 – нагласок врз сигурноста и доверливоста, поради што се воспоставиле правила кои ги дефинираат одговорноста и обврските, како и оперативните практики. Бројот на членки изнесувал 515 од 17 земји, но сè уште без ниту една разменета порака. 1976 - отворен првиот оперативен центар. Секој оперативен центар има свои објекти и е способен да ги надополнува останатите со цел да обезбеди високо функционирање и достапност на системот. 1977- SWIFT е пуштен во етерот. Првата порака ја испратил Алберт, Принцот на Белгија. Почетната група на членови пораснала на 518 комерцијални банки во 22 земји, а во оваа година биле испратени 3.400.000 пораки. 1978 - остварени првите 10 милиони испратени пораки. Дополнително, во оваа година биле испратени 21.600.000 пораки, а бројот на членови пораснал на 586 членки во 25 земји. 1979 – Отворањето на оперативниот центар во Северна Америка. Бројот на членови изнесувал 683 од 30 земји, а бројот на разменети пораки достигнал 34.500.000. 1980 - прво приклучување на земјите од Азија. Хонгконг и Сингапур ги започнале своите први операции, а бројот на членови достигнал 786 во 36 земји, со 46.900.000 разменети пораки. 1981 - претставена програмата „ST 100“. Овозможувањето на програмата и софтверот биле во рацете на целосно поседуваната подружница „SWIFT Terminal Services“. Веќе се остварени 900 членови од 40 земји и 62.500.000 пораки. 1982 - Финансиската стабилност е постигната. Приходите од членство се зголемиле, а приходите за првпат ги надминале оперативните трошоци. 1983 - Илјадитиот член - Banque Nationale de Belgique. Членството на централните банки само уште повеќе го зголемиле успехот на SWIFT. 1984 - Знаење за во иднината. SWIFT ја надградил услугата на своите клиенти преку зголемување на информираноста за услугите. 1985 – Сателитска комуникација за овозможување на услугите. 1986 - Лансирање дополнителни услуги, како „Ecu Netting system“ за потребите на „Ecu Banking Association“. Оваа услуга била обебедена од новата подружница SWIFT, „Service Partners“. Бројот на членкитепораснал на 2.161 од 61 земја, со 192.010.000 пораки. 1987 – SWIFT навлегува и кај обврзниците. Членките изгласале одлука за проширување на корисниците, вклучувајќи брокери и дилери, менувачници, централни депозитари и клиринг-институции. Истовремено, во оваа година бил издаден првиот „BIC directory“. 1988 – разрешување на телефонските проблеми и комуникации. 1989 - Зголен бројот на членови на 2.814 во 78 земји и 296.070.000 разменети пораки. 1990 - Нови достигнувања и напредувања, како „Electronic Data Interchange and Interbank File Transfer“ и автоматизирање на операциите со обврзници. 1991 - Признавање на SWIFT од страна на „Smithsonian“. Број на членови достигнал 3.243 во 87 земји и 365.159.000 пораки. 1992 - Надминување на поставените цели. Бројот на членови изнесувал 3.582 во 94 земји и 405.541.000 пораки. 1993 – Зголемување на бројот на членови за нови 404 во нови 12 земји. 1994 – Додадена вредност за купувачите преку зголемување на услугите. 1995 - Навлегување во нова област: птворена нова канцеларија во Франкфурт и ширење во Азија и Тихиот Океан. 1996 - Намалување на трошоците, управување со ризикот и подобрување на автоматизацијата. Вкупно 5.632 корисници во 151 земја и 688.000.000 пораки. 1997 – Зголемување на работењето: 6.176 корисници во 164 земји и 812.000.000 пораки. 1998 – Обновување на сегментите во SWIFT. 1999 - Остварени 6.797 корисници во 189 земји и 1.059.000.000 пораки. 2001 - Пуштен во употреба „SWIFTnet“. Остварени 7.457 корисници во 196 земји и 1.534.000.000 пораки. 2002 - Испратена првата „SWIFTNet FIN“ порака. На 15 август 2002 година бил пуштен во употреба „SWIFTNet 4.0“. Достигнати 7.601 корисник во 198 земји и 1.817.000.000 пораки. 2003 - Прославени 30 години од основањето. Австралија го прифатила „SWIFTNet“, а подоцна тоа го направила и Италија. Системот „SWIFTNet“ достигнал 200 земји-кориснички. 2004 - SWIFT-заедницата преминалацелонсо кон „SWIFTNet IP Platform“, со што префрлањето кон „SWIFTNet“ било целосно завршено. На SWIFT му била доделена награда за “Dream Team”. Вкупно 7.667 корисници од 202 земји и 2.299.000.000 пораки. 2005 - Објавено намалување на цените на услугите од 8%. Достигнати 7.863 корисници во 204 земји и разменети 2.518.000.000 пораки. 2006 - Починал Carl Reuterskiöld, првиот генерален директор на SWIFT. „SWIFTNet“ услужните трговски услуги влегле во пробната фаза. Вкупно 8.105 корисници во 207 земји и 2.865.000.000 пораки. 2007 - Најавен новиот генерален директор, Lázaro Campos. Веќе достигнати 8.332 корисници од 208 земји и 3.501.000.000 пораки. 2008 - Попаметен и поедноставен SWIFT. Архитектурата на дистрибутивната програма успешно ја завршиал првата фаза. Лансирањето на „Alliance Lite“ им обезбедил побрз пристап на корисниците до SWIFT, а бил воведен и „Alliance Integrator“. Бројот на членови достигнал 8.830 од 209 земји и 3.855.000.000 пораки. 2009 - Ефикасноста е предност. Отворена канцаларијата во Сеул и лансирање на „Innotrible“. Веќе 400 организации ја порачале платформата „Alliance Lite“. Раст на 9.281 корисник од 209 земји и 3.760.000.000 пораки. 2010 - Прва аквизација на SWIFT во историјата. SWIFT ја купила „Arkelis“, со што било зголемено портфолиото на услугите. 2011 - Појак и поиновативен SWIFT. Лансирањето на „SWIFTRemit“, првата вистински глобална платформа за плаќање од физичко лице на физичко лице. Остварени 10.118 корисници од 210 земји и 4.431.099.899 пораки. 2012 - Промени. На 1 јули, Gottfried Leibbrandt го наследил Lázaro Campos како генерален директор на SWIFT. SWIFT го прифатил и првиот член во одборот кој потекнува од Кина. Достигнати 10.279 корисници во 212 земји и 4.589.109.272 пораки. 2013 - Година на годишнини. SWIFT наполнил 40 години од основањето, форумот за стандарди - 10 години, а „Innotrible“ наполнил пет години. Бил отворен нов оперативен центар во Швајцарија и нов корпоративен центар за услуги во Куала Лумпур. Повеќе од 10 500 корисници од повеќе од 200 земји и повеќе од 5 милијарди пораки. 2014 - SWIFT ја завршил архитектурната програма за дистрибуции. Успешно била намалена цената на услугите на SWIFT за 50% во споредба со 2010 година. Повеќе од 10.800 корисници од повеќе од 200 земји и повеќе од 5,6 милијарди пораки. 2016 - на неколку банки од Иран повторно им било дозволено да се поврзат во мрежата на СВИФТ, откако во март 2012 година на иранските банки им бил забранет пристапот до СВИФТ, во согласност со санкциите кон Иран.„Иранските банки постепено се враќаат во глобалниот платен систем СВИФТ“, Дневник, година XX, број 5993 петок, 19 февруари 2016, стр. 10.

Структура на пораките преку СВИФТ Основната задача на СВИФТ е да врши пренос на пораки во врска со плаќањата меѓу банките, како и пораки поврзани со деловниет документи, како договорите и фактурите. Меѓутоа, СВИФТ не е банка и не нуди трансакциски сметки на кои клиентите би можеле да ги чуваат своите пари. Според тоа, СВИФТ не ја отстранува улогата на кореспондентните банки во платниот промет. СВИФТ обезбедува само платформа за безбедна размена на финансиски информации меѓу финансиските институции. Оттука, СВИФТ извршува две основни услуги: 1) безбедна мрежа за пренос на информации меѓу финансиките институции и 2) развој и одржување на стандарди за синтаксата на финансиските пораки. Мрежата на пораките се извршува од три центри кои се наоѓаат во САД, Холандија и Швајцарија, кои опслужуваат две посебни зони на пренос на пораките: Европа и Северна Америка. За таа цел, СВИФТ користи подводен оптички кабел при што ако престане да функционира еден од центрите, останатите два центри се способни да го преземаат сообраќајот.Marko Cipriani, Linda S. Goldberg, and Gabriele La Spada. „Financial sanctions, SWIFT, and the architecture of the international payment system“. Journal of Economic Perspectives, 37(1), 2023, стр. 43-44.

SWIFT пораките се структурни пораки коишто се типски класифицирани. За секоја порака, одредените типови на полиња се различно дефинирани. По правило, SWIFT пораките се состојат од пет дела, a секој дел има свое име: Основен дел ; Апликативен дел; Кориснички дел; Текстуални пораки; Крај на пораките;

Првите три дела го сочинуваат оној дел којшто се однесува на пораките. Секоја порака мора да го има овој основен дел, додека останатите два дела се опционални. Типот на пораката (Message Type-MT) претставува основа за идентификувањето на соджината на пораката. Притоа, можни се следниве видови пораки: MT0xx Системски пораки (System Messages) MT1xx Плаќања на клиенти и чекови (Customer Payments and Cheques) MT2xx Трансфери на финансиски институции(Financial Institution Transfers) MT3xx Пазари на државни записи (Treasury Markets) MT4xx Инкасо и кеш работи (Collection and Cash Letters) MT5xx Пазар на хартии од вредност (Securities Markets) MT6xx Пазари на записи – Метали и синдикати (Treasury Markets - Metals and Syndications) MT7xx Акредитиви и гаранции (Documentary Credits and Guarantees) MT8xx Патнички чекови (Travellers Cheques) MT9xx Кеш менаџмент и статус на клиентите (Cash Management and Customer Status)

Стандарди