MedlinePlus (изговор: медлајн плас) — семрежна информативна служба на Националната медицинска библиотека на САД (NLM) која нуди здравствени информации за потрошувачите на англиски и шпански јазик. Ова мрежното место претставува збир на информациите од Националната медицинска библиотека на САД (NLM), Националните здравствени институти (NIH) и други државни установи и здравствени организации. Има и верзија за читање од мобилни уреди. Услугата е бесплатна, и ја користат 150 милиони луѓе годишно.
Службата нуди енциклопедиски инофрмации поврзани со здравјето и лековите, како и именик на здравствени услуги. MedlinePlus Connect ги пворзува пациентите и здравствените работници во системи за електронска здравствен евиденција (EHR) со соодветни информации од MedlinePlus за заболувањата и лекарствата. Ова исто така има мобилна верзија.
Историја Националната медицинска библиотека веќе подолго време нуди програми и услуги за стручните здравствени научници и давателите на здравствени услуги, како што се базата pubmed и разните пристапни служби за неа како PubMed и Entrez. Во 1990-тите, општата јавност почнала сè повеќе да ги користи овие услуги на семрежјето. Покрај ова, информациите се нудат и во формат разблирлив за нестручната јавност. MedlinePlus е воведен во октомври 1998 г. како некомерцијална семрежна услога слична на оние како WebMD. Во 2010 библиотеката ја вовела и службата PubMed Health, која пак нуди здравствени информации за потрошувачите, со особена задршка на клиничката делотворност на разните лекувања.
Во прво време MedlinePlus опфаќал 22 здравствени теми на англиски јазик, кои подоцна станале 800 теми на англиски и на шпански, како и врски за здарствени информации на повеќе од 40 јазици. Мрежното место е добитник на неколку награди и важи за едно од најдобрите места за добивање на медицински информации. Во 2010 г. MedlinePlus освоил оценка од 84 во Американскиот показател за задоволност на потрошувачите.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Медицински мрежни места Категорија:Медицинска информатика