Мере Хусеин-паша — османски државник со албанско потекло.Uzunçarsılı, İsmail Hakkı, (1954) Osmanlı Tarihi III. Cilt, 2. Kısım , XVİ. Yüzyıl Ortalarından XVII. Yüzyıl Sonuna kadar, Ankara: Türk Tarih Kurumu (Altıncı Baskı 2011 ISBN 978-975-16-0014-1 ) p. 380 Тој во два наврати бил Голем везир во 1622 година и 1623 година,İsmail Hâmi Danişmend, Osmanlı Devlet Erkânı, Türkiye Yayınevi, İstanbul, 1971 и претјодно бил османлиски управник на Египет во периодот меѓу 1620 и 1622 година. Неговото име „Мере!“ потекнува од зборот за „Земи го!“ во албанскиот јазик, овој прекар го стекнал поради тоа што многупати на своите војници им наредувал да ги „земат [главите]“ на своите противници, т.е. да ги погубат. Тој бил единствениот голем везир кој не зборувал турски.

Живот

Хусеин-паша е роден во албанското семејство Беголи од околината на Пеќ во средината или при крајот на век. Посведочено е дека тој никогаш не научил да говори турски, многу ретко за некој кој живеел во Османлиското царство.

Тој својата кариера ја започнал како ашчибаши (главен готвач) на Сатирчи Мехмед-паша, наскоро станал член на спахиите. Подоцна тој се издигнал на низа на вискораководни државни позиции, сè до јули 1620 година, кога бил назначен за управник на Египет а подоцна и Голем везир.

Како управник на Египет, однесувањето на Хусеин-паша било опишано како „грубо и несоодветно." Тој бил болен во првите неколку месеци, но кога оздравел, направил гозба за своите деца и примил многу дарови, иако поголемиот дел од подароците ги вратил назад. Додека бил управник, неизлевањето на Нил предизвикало голема суша во Египет, што пак довело до негово разрешување во март или април 1622 година. Неговиот тефтердар (финасов управник) Хасан, станал управник (кајмакам) по отстранувањето на Хусеин-паша, го обвинил дека проневерил пари од трезорот и жито од силосите и го спречил да го напушти Каиро. Хусеин-паша платил 25.000 златници (динари; половина од бараната сума) и тврдел дека еден месен евреин, кој го оштетил по неговото отстранување од позицијата, би требало да го плати остатокот, тврдејќи дека евреинот мму должел на него износ со вредност иста како остатокот од долгот, по што добил дозвола да си замине. Сепак, кога властите отишле кај евреинот за да ја побараат сумата пари кои и должел кон Хусеин-паша тој им изјавил дека веќе му има платено. Кога го известиле за настанатата ситуација Хусеин-паша, твфрдел дека не е негово грешка и дека евреинот лажел, но се сложил да ги плати останатите 25.000 златници во замена евреинот да биде донесен пред него. Управникот го прифатил овој предлог и му го испорачал евреинот на Хусеин-паша, кој го измачувал и убил и ги земал насила 25.000 златници. По овие настани, Хусеин-паша отпатувал во Романија, која во тој период била под османлиско владение.

Неколку месеци подоцна, на 13 јуни 1622 година, Хусеин-паша бил назначен за Голем везир првпат, но служел помалу од еден месец сè до 8 јули 1622 година под владение насултанот Мустафа I. НАредната година, го назначил за Голем везир уште еденаш, од 5 февруари 1623 година па сè до 30 август 1623 година.

Хусеин-паша бил погубен во јули 1624 година.

Поврзано Список на Големи везири на Отоманското Царство Список на османлиски управители на Египет

Наводи

Категорија:Родени во 16 век Категорија:Починати во 1624 година Категорија:Отомански управители на Египет Категорија:Големи везири на Отоманското Царство од 17 век Категорија:Албански отомански везири Категорија:Отомански Албанци Категорија:Погубени Отоманци Категорија:Луѓе од Пеќ Категорија:Косовски Албанци Категорија:Родени во непозната година