мини|десно|300п|Фотопна (црно) и скотопна (зелено) функција на сјајност. Хоризонталната оска прикажува бранова должина во нанометри (nm). мини|десно|250п|Улбрихтова топка (интегратор) за мерење на светлинскиот тек од еден извор.
Во фотометријата, светлински тек (светлински тек, светлинска моќ) — мерка за восприемената моќ на светлината. Се разликува од зрачниот тек (вкупна моќ на израчената светлина) по тоа што светлинскиот тек е прилагоден со оглед на различната чувствителност на човечкото око на светлина со разни бранови должини.
Единици Единицата за светлински тек во системот SI е луменот (lm). Еден лумен се дефинира како светлинскиот тек што го оддава извор кој зрачи со светлинска јачина од една кандела во просторен агол од еден стерадијан. Во другите системи, светлинскиот тек се изразува со единици за моќ.
Пондерација Светлинскиот тек ја зема предвид чувствителноста на окото по пат на пондерирање на моќта при секоја бранова должина со функцијата на сјајност, која ја претставува чувствителноста на окото на разни бранови должини. Светлинскиот тек е пондериран збир на моќта при сите бранови должини во водливиот појас. Светлината вон видливиот појас се занемарува. Соодносот на вкупниот светлински тек со зрачниот тек се нарекува светлинска делотворност.
Практична примена Оваа мерка честопати се користи како како објективна мерка на полезна светлина што зрачи од некој извор, и како таква се наведува на опаковката на светилките. Штедливите потрошувачи обично го споредуваат светлинскиот тек на разни светилки бидејќи така добиваат претстава за количеството на светлина што ќе го добијат од неа. Оваа мерка е корисна и при споредбата на светлинската делотворност кај жаречките и компактните флуоресцентни светилки.
Категорија:Физички величини Категорија:Фотометрија Категорија:Временски стапки