Грбот на германската покраина и градот Хамбург е вид на национален симбол. Грбот и знамето се регулирани со Уставот на Хамбург и законите. Боите на Хамбург се црвена и бела. Една од најстарите верзии на замокот е најден на печат во 1245.

Опис

Сите грбови го покажуваат замокот со три кули. Средната кула покажува и крст на врвот. Се верува дека е т.н. маријански ѕвезди на врвот на двостраните кули и крстот потсетуваат на фактот дека Хамбург некогаш бил надбискупија. Кулите и ѕидовите со нивните врвови и затворената порта го симболизираат градот дека може да се брани самиот.

Поголем грб

Поголемиот грб го прикажува грбот, ѕвездите и црквата во сребро на црвена основа со двата лава, кои стојат отстрана. Врвот е сличен на средниот грб со шлем со крст, вклучувајќи ги и три паунови пердуви и шесте знамиња на оружја и престилка. Овој грб е заштитени и единствено е дозволен да се користи од Сенатот и Парламентот на Хамбург.

Пловен грб на Хамбург

Пловниот грб на Хамбург е користен за официјалните бродови на Хамбург.Senatskanzlei: Flaggen, Wappen und Logos July 17, http://www.hamburg.de Посетено на August 13, 2008

Историја

thumb|left|Печат од 1241

Најстариот грб на Хамбург е задржан на градските печати од 12-от и 13-от век. Во текот на вековите, кули, ѕидовите, врвовите и симболите на грбот на Хамбург се менувале неколкупати, без да смени карактерот. Средишниот замок бил понекогаш бил прикажан со затворени врати и со порткулис.

Боите на варијантата на помалиот грб од 2008 се прогласено со закон од Сенатот на Хамбург на 14 мај 1752. Пред тинкурата бил црвен замок на бела позадина. Од 1952, грбот и знамето се регулирани со Уставот на Хамбург. Боите на Хамбург се црвена и бела. Во општа употреба на градските печати со грбот била привилегија на градскиот совет. Градските советници морале да го видат неговото одржување. Дури и сега грбот е заштитени и може да биде користен само под специфични околности.

Поголем грб

Грбот постои од 16-от век.

Пловен грб на Хамбург

Во 1623, Admiralitätskollegium (Пловниот совет) бил основан со цел да го надгледува законот на морето и безбедноста на бродовите, како и пристанишните власти. Грбот постои од 1642. Во 1811 бил напуштен во текот на француската окупација, пловниот совет бил официјално распуштен во 1814 и наследен од судската власт како Handelsgericht (Трговски суд) и за административни цели од пристанишната и бродска делегација (германски: Schifffahrts- und Hafendeputation).

Поврзано

Грб на Прусија Грб на Германија

Наводи

Надворешни врски

Грб на Хамбург

Хамбург Хамбург Категорија:Политика на Хамбург