Во фотометријата, светлосна енергија е восприемената енергија на светлината. Понекогаш се нарекува и количество светлина.
Светлосната енергијасе разликува од мерката за зрачна енергија, која е аналогна на неа, но претставува објективна физичка величина. Причината за ова е тоа што човечкото око ја гледа само светлината во видливиот спектар и неговата чувствителност на светлина се разликува на различни бранови должини во рамките на спектарот. ога е прилагоден на посилна светлина (фотопен вид), окото е најчувствително на бранова должина од 555 nm. Светлината со иста моќ, а на подолги и пократки бранови должини има помала светлосна енергија.
Единици Во системот SI, единицата за светлосна енергија е луменсекундата, неформално наречена „талбот“ во чест на фотографскиот пионер Вилијам Хенри Фокс Талбот (1800-1877).
Во другите мерни системи, светлосната енергија се изразува со основните единици за енергија.
Поврзано Зрачна енергија Светлосен тек Светлосна јачина
Категорија:Физички величини Категорија:Фотометрија