Знакот „Сојомбо“ е специјален знак во писмото сојомбо кое се користело за запишување на монголскиот јазик. Денес, писмото не се користи за запишување на јазикот, но знакот останал во употреба и станал симбол на Монголија. Знакот „Сојомбо“ може да се види на знамето на Монголија, грбот на Монголија и на голем број официјални документи во државата.
Одлики
Знакот е составен од следниве елементи: оган - симбол на вечниот раст, богатство и успех. Трите јазици на пламенот ги претставуваат минатото, иднината и сегашноста. сонце и месечина - симболизираат дека монголската нација ќе постои за навек како што постои вечното сино небо. два триаголника - алудираат на копја или стрели. Тие се насочени надолу и симболизираат пораз на внатрешните и надворешните непријатели. два хоризонтални правоаголника - тие даваат стабилност на формата. Исто така, правоаголниците се симболи за честа и правичноста на народот монголски, било тоа да се на врвот или на дното од општеството. „јин-јанг“ или „арга-билге“ - симбол за меѓусебното надополнување меѓу мажот и жената. За време на социјализмот, знакот се толкувал како две риби и биле симбол на бдеење (рибите не ги затвораат очите). два вертикални правоаголника - често се толкуваат како „ѕидови на тврдина“. Тие симболизираат единство и сила и се поврзано со монголската изрека: „Пријателството на двајца луѓе е појако од камените ѕидови“.Montsame News Agency. Mongolia. 2006, ISBN 9992906278, p. 8
Употреба
Симболот „Сојомбо“ е на знамето на Монголија уште од 1911 година (освен помеѓу 1921 и 1924 година). Исто така симболот бил грб на државата од 1924 до 1940 и вметнат во грбот повторно во 1992 година. Симболот е присутен во секој дел од општеството во Монголија.
Наводи
Поврзано Грб на Монголија Знаме на Монголија Сојомбо писмо
Категорија:Национални симболи на Монголија Категорија:Монголски писма