Јуриј Иванович Венелин (; роден Георги Хуца; 22 септември 1802 – 26 март 1839) бил русин славист, фолклорист, етнограф и филолог познат по неговите истражувања на јазикот, историјата и културата на Бугарија.
Биографија Венелин е роден во селото Велика Тибава во Субкарпатска Рутенија, Кралство Унгарија (денес во Украина), во семејството на селскиот свештеник И. Хуца. По завршувањето на гимназијата во градот Унгвар (денешен Ужгород), таму се запишал на духовната семинарија, а потоа учел на епископскиот лицеј во градот Сатмар (денес Сату Маре) заедно со својот братучед И.И. Молнар (1802–1872). Во 1822 година младиот човек го продолжил своето образование на Филозофскиот факултет на универзитетот во Лавов. Кон 1821 година се однесуваат првите записи на Венелин за историјата на Словените, која станала негова вистинска страст.
Богатата збирка на книги и ракописи во библиотеката на Лавовскиот универзитет му обезбедила изобилен материјал од византиски и западноевропски извори за истражувањата во „темните векови“ на Словените. Неговата јазична подготовка во голема мера му помогнала во потрагата по потребните податоци: Венелин одлично го знаел старогрчкиот јазик и латинскиот, слободно зборувал унгарски, германски и француски, а добро ги разбирал англискиот, италијанскиот, шпанскиот и влашкиот (романскиот) јазик. Лесно ги совладал и словенските јазици.
По краток престој во Лавов, тој се преселил во Кишинев, каде што се запознал со јазикот, историјата и културата на бугарските иселеници во Бесарабија. Ова искуство имало клучно влијание врз неговата подоцнежна работа, насочувајќи го кон проучување на бугарскиот народ.
Преселба во Русија и академска кариера мини|310x310пкс|Насловната страна на книгата Древните и денешните Бугари во нивниот политички, етнографски, историски и религиозен однос кон Русите (Москва, 1829) Во 1825 година, Венелин се преселил во Москва, каде се запишал на Империјалниот Московски Универзитет за да студира медицина. Иако формално студирал медицина, неговите интереси останале насочени кон славистиката, етнографијата и историјата. Во Москва, тој се вклучил во интелектуалните кругови на руските слависти, кои биле под влијание на романтичарскиот национализам и панславистичките идеи на XIX век. Овие идеи го инспирирале да се посвети на проучувањето на словенските народи, особено оние под османска власт.
Венелин успешно го завршил медицинскиот факултет во 1829 година, но неговата љубов кон историјата се покажала посилна од љубовта кон медицината. Ова во секој поглед беше поттикнато од професор на Московскиот универзитет, познатиот историчар Михаил Петрович Погодин (1800–1875), кој го охрабрил Венелин да ја напише книгата „Древните и сегашните Бугари во нивниот политички, етнографски, историски и религиозен однос кон Русите“. Во 1829 година Погодин ја објави на свој трошок, освоен од „детски чистата душа“ на авторот и неговите „соништа за Бугарите“. Ова дело беше мошне актуелно, бидејќи во тоа време се водеше Руско-турската војна (1828-1829).
Во 1830, тој бил испратен од Петербуршката академија на науките во Бугарија под Османлиска власт. Ги посетил бугарските градови Варна, Каварна и Силистра, каде запишал народни песни и приказни, стекнувајќи се со знаење за бугарскиот јазик од прва рака. Во 1836, се запознал со бугарскиот емигрант Васил Априлов во Одеса, со кого водел активна кореспонденција.
Починал во Москва во 1839.
Дела Древние и нынешние болгары в политическом, народописном, историческом и религиозном их отношении к россиянам. Историко-критические изыскания. Т. I. Москва, 1829 "О характере народных песен у славян задунайских" (1835); О зародыше новой болгарской литературы. Москва, 1838 Влахо-болгарскиe или дако-славянскиe грамоты, собранныe и объясненныe на иждивении Императорской Российской Академии. Санкт-Петербург, 1840 Древние и нынешние словене в политическом, народописном, историческом и религиозном их отношении к россиянам. Историко-критические изыскания. Т. II. Москва, 1841 Скандинавомания и еe поклонники или столетние изыскания о варягах. Историко-критическое разсуждение. Москва, 1842 Критическиe изследованиs об истории болгар, с прихода болгар на Фракийский полуостров до 968 года, или покорения Болгарии Великим князем русским, Святославом. Изданны на иждивении болгарина И. Н. Денкоглу. Москва, 1849 Древние и нынешние болгары в политическом, народописном, историческом и религиозном их отношении к россиянам. Историко-критические изыскания. Издание второе. Москва, 1856
Наводи
Категорија:Слависти Категорија:Починати во Москва Категорија:Родени во 1802 година Категорија:Починати во 1839 година