мини|200п|десно|Тихомир Ѓорѓевиќ Тихомир Ѓорѓевиќ (Књажевац, 19 февруари 1868 — Белград, 28 мај 1944) — етнолог, фолклорист, историчар и професор на белградскиот универзитет.
Биографија Бил роден во патријархално семејство. Татко му Раја служел како свештеник во Брестовац и Лужани кај Алексинац. Од детството се наоѓал во непосреден допир со селото и народот, што му влијаело уште од младоста, па сè до смртта да се посвети на проучување на народот, неговиот живот и култура.
Завршил историски-филолошки отсек на Великата школа во Белград, а потоа студирал во Виена и Минхен, каде што докторирал во 1902 година. Го издавал списанието Караџиќ.
Ѓорѓиевиот опус е голем - бројот на неговите дела е околу седумстотини. Неговите интересирања биле многу широки и различни и се движат од детални анализи на народниот живот на Србите, преку етнографски истражувања на животот на гругите народи во Србија (Ромите, Власите, Цинцарите, Грците, Черкезите итн), до фолклористички и социолошки студии не само на Србија, туку и на Балканот.
Дела мини|200п|десно|Македонија, второ издание, 1929 Негови најважни дела се: Македонија, 1918 Из Србије кнеза Милоша, I и II, 1922-1924 Цигани у Србији, докторска дисертација Наш народни живот, I-X
Статии Черкези у нашој земљи, Гласник скопског научног друштва, 1928 Негри у нашој земљи, Гласник скопског научног друштва, 1930
Наводи
Категорија:Академици на САНУ Категорија:Родени во 1868 година Категорија:Починати во 1944 година Категорија:Православни христијани од Србија Категорија:Срби од 19 век Категорија:Срби од 20 век