Лаџа (, Мармара) — река во Правишко, Егејска Македонија.По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“

Реката извира во северниот дел на Лути Рид, северно под врвот Товљани (434 м) под името Песулук или Песалук (во 1969 г. преименувана во Крионери). Тече во југозападен правец во впечатлива долина која ја двои планината Кушница на северозапад од Лути Рид на југоисток. Кај селото Деве Киран ги прима десната притока Гранос Лакос и левата Кара Муслу (Пиги). Кај Самоков ја прима десната притока Самоковина. По месноста Согајајери свртува на юг и навлегува во клисура на Лути Рид. Ја прима десната притока Емир Дере (Лакија) и се влева во Егејското Море во месноста Калива Капа.

Поврзано Нестрамкол

Наводи

Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Кушница Категорија:Егејски слив