врска=//upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/1/17/Fanciulla premiere - hanging.jpg/300px-Fanciulla premiere - hanging.jpg|мини|300x300пкс| Чин 3 од Девојката од Запад, веднаш по аријата „Ch'ella mi creda“, со Енрико Карузо, Еми Дестин и Пасквале Амато, од премиерата во 1910 година. „Ch'ella mi creda“ (се изговара: Кела ми креда; во превод: Верувај ми) ― арија за тенор од чинот 3 од операта „Девојката од Запад“ од Џакомо Пучини. Таа е отпеана од Дик Џонсон (познато како бандитот „Рамерез“) пред да биде погубен од линчувачка толпа трагачи на злато предводени од шерифот Џек Ренс. Во аријата, Џонсон бара од нив да не и кажуваат на Мини, која тој ја сака, дека е убиен. Наместо тоа, тој ги замолува „да нека поверува“ (насловната фраза, „ch'ella mi creda“) дека тој е далеку, на патот кон откупувањето од неговото бандитско минато.
Аријата за прв пат ја испеал Енрико Карузо, на светската премиера на Девојката од Запад во Метрополитенската опера во Њујорк на 10 декември 1910 година. Се вели дека за време на Првата светска војна, италијанските војници ја пееле оваа арија за да го одржат својот дух. Аријата е популарна и како парче на концерти и албуми со извадоци.
На 125-годишнината на Метрополитен операта на 15 март 2009 година, Пласидо Доминго ја испеал аријата во рекреација на сцената како што била изведена од Карузо на премиерата скоро 100 години порано. Сетот на Дејвид Беласко и првичните костими биле пресоздадени за настанот. Дизајнерите на продукцијата на галата изјавиле за The New York Times дека сликата на Карузо во Девојката од Западот (види во прилог) во сцената на третиот чин во која се пее „Ch'ella mi creda“ е била првата слика од метрополитенското минато што започнале да биде пресоздадено за галата.
Либрето
Наводи
Надворешни врски
„Пер леи, пер леи солтанто . . Ch'ella mi Creda" , пијано-вокална партитура, музичка библиотека Вилијам и Гејл Кук, Музичка школа на Универзитетот во Индијана Каталог на библиотека, Универзитетот во Индијана Список на забележани арии од aria-database.com
Категорија:Оперски извадоци Категорија:Арии од Џакомо Пучини Категорија:Композиции во гес-дур
