Свети Никола — главна селска црква во кумановското село Стрезовце, Македонија.

Прогласена е за културно наследство на Македонија. Сепак, непосредното опкружување на црквата не е воопшто одржувано и е зараснато во густа вегетација, при што вегетацијата е присутна и во самата припрата, која нема покрив.

Целата градба е во изразено лоша состојба, без тековно одржување и се потребни итни мерки за зачувување на градбата на црквата.

Местоположба

Црквата се наоѓа во некогашниот средиштен ден на селото, односно во маалото Деда Илиевци, заедно со некогашното училиштето и задружниот дом. Околу црквата се наоѓаат селските гробишта.

Црквата се наоѓа на впечатлива местоположба, изградена на една карпа во напуштениот дел на селото Стрезовце. До нејзе води земјен пат.

Историја

Црквата била изградена во 1606 година со помош на презвитер Петар. На натписот е спомнат и пеќскиот патријарх Јован Кантул, како и самите мештани на селото Стрезовце.

Јован Трифуноски ја опишал црквата како недовршена и забелажал дека некоја мештанка по име Цвета се грижела за обновата на црквата кон крајот на или почетокот на век.

Архитектура

Градбата претставува трикорабна базилика со трикорабна припрата со спуштен свод со димензии 22 на 10 метри и двокатен покрив. На исток завршува со полукружна апсида. Изградена е врз поголеми темели од стара црква.

Долж јужната фасада на црквата и припратата се протегаат правоаголни камени трпези на отворено, што е карактестично за овој крај. Во понов период од северозападната страна на припратата е изградена камбанарија.

Црквата е во лоша состојба, при што има конструктивни пукнатини во олтарскиот простор и на источната фасада, а особено видлива пукнатина има на јужната половина од централниот свод во наосот. Покривот на припратата на црквата е срушен, при што зачуваните остатоци од ѕидовите имаат висок степен на деградација поради постојана изложеност на надворешните фактори, подот во внатрешноста е девастиран и обраснат со бујна вегетација и дрвенасти растенија.

На црквата единствено биле извршени превентивни интервенции со прередување на ќерамиди во 1991 година, додека на апсидата е задржан оригиналниот покривач од камени плочи.

Фрескоживопис

Живописот го добила во 1606 година. Фрескописот е делумно зачуван и стилски ѝ припаѓа на Линотопската школа. Во 2006 година било забележано дека бил во лоша состојба, особено ѕидното сликарство од XIX век во централниот свод.

Оригиналниот живопис е зачуван во олтарскиот простор и во долните зони (јужен и западен ѕид ) од наосот, додека нов живопис добила во централниот свод во 1898 и 1901 година. Автор на ѕидното сликарство од 1901 година е велешкиот зограф Атанас Николов.

Ѕидното сликарство на кое се вршени конзерваторско-реставраторски интервенции е во добра состојба. Овие интервенции на стариот живопис од 1606 година биле извршени во 2000 година.

Икони и иконостас

Црквата поседува дрвен иконостас.

Галерија

Поврзано Кумановско-кратовско архијерејско намесништво Младонагоричка парохија Стрезовце

Наводи

Надворешни врски

Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија

Стрезовце Категорија:Дела на Линотопската школа