Простатитис - воспаление (инфекција) на простатата.
Опис и симптоми Простатитисот може да предизвика болка или отекување во пределот под мочниот меур. Притоа, болката или печењето се јавуваат при уринирање или при ерекција. Понекогаш, простатитисот е предизвикан од бактерија, но често причините за појавата на воспалението се непознати. Како основни симптоми на болеста се: зачестено уринирање, нарушено уринирање, уринирање во мали количества и слично. Освен тоа, по ејакулацијата се јавува болка на врвот на пенисот.„И габите се причина за болен полов однос“, Здравје, понеделник, 3 ноември 2014, стр. 11.
Лекување Простатитисот се лекува со антибиотици, а се препорачува и пиење големо количество течности. Ретко, простатитисот се лекува со помош на хируршки зафат.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Болести на мочниот систем Категорија:Медицински поими Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ