Стари Лозја — археолошко наоѓалиште во прилепското село Новоселани. Претставува населба од римско време. Се наоѓа на 1 км од селото, на блага падина близу до патот Бело Поле-Мажучиште, каде се откриени остатоци од ѕидови градени од кршен камен и варов малтер. По површината има фрагменти од покривни ќерамиди, тули и керамички садови.
Поврзано Св. Ѓорѓија — осамени наоди од римско време; Слатина — населба од доцноантичко време; Новоселани; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;
Наводи
Категорија:Новоселани (Прилепско)