Наталија Александровна Кучинскаја (родена на 8 март 1949 г.) - поранешна советска олимписка гимнастичарка. Таа освоила четири медали на Летните олимписки игри 1968.
Гимнастичка кариера Кучинскаја е родена во Ленинград и била избрана да посетува гимнастички часови уште додека одела во градинка. Таа првично посакувала да стане балерина, но била убедена да се занимава со гимнастика од нејзините родители, кои исто така биле вмешани во спорт. Таа тренирала со Владимир Рејсон а потоа и со тренерот на советската национална екипа, Лариса Латинина, која ја сметала Кучинскаја за една од нејзините најомилени гимнастичарки.
Во 1965 година, на 16-годишна возраст, Кучинскаја била државен шампион на СССР. На Светското првенство 1966, по освојувањето на втората државна титула, купот на СССР и изборното светско натпреварување, таа се етаблирала себеси како ѕвезда на советската екипа, освојувајќи три златни медали од четирите финални дисциплини (греда, двовисински разбој и партер), бронзен медал во прескок, и сребрени медали во поединечниот и екипниот повеќебој. Таа ја продолжила својата победничка низа во 1967 година, победувајќи на пред-олимпиското тест натпреварување во Мексико, а на државното првенство на СССР таа ги збришала своите сонароднички, освојувајќи ја титулата во повеќебој, како и златните медали во сите останати поединечни дисциплини.
На Летните олимписки игри 1968, Кучинскаја најверојатно била најпопуларен член на советската екипа. Таа го освоила бронзениот медал во повеќебој, зад Вера Чаславска и Зинајда Воронина; таа исто така допридонела во победата на советската екипа во екипниот повеќебој, го освоила златниот медал на греда и бронзениот медал на партер. Таа била наречена "Невестата на Мексико" и "Душата на Мексико" од воодушевените новинари и во нејзина чест била свирена песната, "Натали," за време на нејзиниот престој во Мексико.
Олимписките игри биле последно натпреварување за Кучинскаја. Во тоа време, нејзиното ненадејно повлекување од гимнастијата било поврзано со болест на штитната жлезда; во интервју кон крајот на 1990те таа изјавила дека ја изгубила својата мотивација во спортот.
Подоцнежен живот По пензионирањето, Кучинскаја била тренер во СССР, Јапонија и САД. Од 1980 година таа е венчана за оптичарот Александар Котилар, и моментално живее во САД, водејќи сопствено гимнастичко училиште во Илиноис. Во 2006 година таа била примена во Меѓународната гимнастичка куќа на славни.
Галерија
Наводи
Категорија:Родени во 1949 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Советски гимнастичари Категорија:Освојувачи на златни олимписки медали за СССР Категорија:Олимписки бронзени медалисти за СССР