„Посегнете по ѕвездите“ (англиски: Reach for the Stars) — е роман за деца на англиската писателка Синди Џефрис од 2005 година. Романот е дел од серијалот „Училиште за славни“ (како прва книга), објавен на македонски јазик во 2010 година, во издание на издавачката куќа „Детска радост“ од Скопје, како дел од библиотеката „Тин“. Содржина Романот се состои од следниве поглавја:Синди Џефрис, Училиште за славни - Посегнете по ѕвездите Скопје: Детска радост, 2010. Родена да пее Шанса да блеснеш Добриот ден заврши лошо Писмото Големата шанса на Клои Ненадеен шок Нарушено пријателство Рокли парк Интервјуто Катастрофа Пријател во потреба Златни денови Чекајќи Добро сторено Речиси таму Новото училиште

На крајот од книгата се наоѓа поговор со наслов „Светот на гламурот и популарноста“, напишан од Васил Тоциновски, како и Белешка за авторот.

Технички податоци Книгата има 100 страници, со големина од 20 сантиметри и мек повез. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-9989-30-990-8. Преводот го извршил Владимир Габунија, дизајнот и графичко-ликовното уредување го извршил Жарко Туниќ, а лектурата е дело на Лорета Шкиљевиќ. Книгата е отпечатена во печатницата „Напредок“ од Тетово.Синди Џефрис, Училиште за славни - Посегнете по ѕвездите Скопје: Детска радост, 2010.

Наводи

Категорија: Романи за деца Категорија: Изданија на Детска радост Категорија: Дела на Синди Џефрис Категорија:Книги од 2005 година