мини|Ханс ван де Ваарсенбург Ханс ван де Ваарсенбург (холандски: Hans van de Waarsenburg) (1943, Хелмонд, Холандија) - холандски поет.
Животопис Од 1995 до 2000 година, ван де Ваарсенбург бил претседател на Холандскиот ПЕН центар. Во 1997 година бил назначен за претседател на големата поетска манифестација „Мастришки меѓународни поетски вечери“ (The Maastricht International Poetry Nights).Ханс ван де Ваарсенбург, Преку полињата. Скопје, Блесок, 2006, стр. 303. Творештво Својата прва поетска збирка, со наслов „Песни“ (Gedichten), ван де Ваарсенбург ја објавил во 1965 година. Во 1973 година, за збирката „Сивеењето“ (De vergrijzing), тој ја добил наградата за поезија „Јан Камперт“. Во март 2004 година, како признание за целокупниот поетски опус, ван де Ваарсенбург ја добил Општинската награда на Советот на Хелмонд. Освен поезија, тој пишува и проза за деца.
Поважни дела на ван де Ваарсебнург се:Ханс Груневеген, „Смртоносно точна желба - За поезијата на Ханс ван де Ваарсенбург“, во: Ханс ван де Ваарсенбург, Преку полињата. Скопје, Блесок, 2006, стр. 271-277. Песни (Gedichten), 1965 Сивеењето (De vergrijzing), 1973 Жедта на пристанишните градови, 1990 Јужен ѕид (Zuidwal), 1995 Описи на езерото (Beschrijvingen van het meer), Rotterdam, Bѐta Imaginations, 2000 Избрани песни (1980-2000), Скопје, Блесок, 2002 Каде и да водат патиштата (Waar de wegen waren), Amsterdam, Wereldbibliotheek, 2003 Морски пејзажи и други песни (Paisajes Marinos y otros poemas), Mѐxico, D.F., Trilce Ediciones, 2004 Преку полињата /Over de velden / Across the fileds, Скопје, Блесок, 2006 Азул (Azul), Amsterdam, Wereldbibliotheek, 2006
За поезијата на ван де Ваарсенбург Во своето творештво, ван де Ваарсенбург ги варира и интензивира своите стандардни теми и мотиви. Тој не е иноватор, ниту пак им робува на модерните трендови. Клучот на неговото дело е лојалноста кон луѓето околу него и кон нивните мотиви и желби. Збирката „Јужен ѕид“ го потврдува ван де Ваарсенбург како меланхолик, бидејќи во неа преовладуваат мрачни тонови, тага и носталгија. Но, неговата меланхолија е борбена, одразувајќи го неговиот политички ангажман во 1960-тите. Во неговите песни се присутни војните, уништувањето на човекот и природната средина од индустријата и експлоатацијата.
Наводи
Категорија:Холандски поети