Р-14 Чусоваја () — едностепена среднодометна балистичка ракета на СССР во служба за време на Студената војна. Ја носела НАТО-ознаката SS-5 Skean, а ознаката според ГРАУ ѝ гласела 8К65. Нејзин конструктор е Михаил Јангел, а наречена е по река во Русија. Се произведувала во Заводот бр. 1001 во Краснојарск.
Пробите на Р-14 започнале во септември 1959 г. Проектилот послужил како основа по која се разработени носачите Космос-3. Во 1964 г., Р-14 е опремена со помал втор степен, градејќи го засилувачот 65С3. Следната година се испалени осум вакви раките од космодромот Бајконур (космодром)|Бајконурур]]. Во 1966 г. влегол во употреба целосно оперативниот засилувач 11К65, но истиот е испален само четирипати пред да биде заменет со испалувачот 11К65М како конечна варијанта. 11К65М се користел за леки цивилни и воени сателити, пуштени од Плесецк, со исклучок на неколку, пуштени од Капустин Јар. Повелечен е од употреба во 2010 г.
Ракетата е постепено заменета со РСД-10 Пионер, за во средината на 1980-тите да биде речиси исфрлен од употреба. Последните ракети се расходувани на 9 август 1989 г.
Земји-кориснички
Ракетна војска со стратешка намена
Поврзано Космос (програма)
Наводи
R14 | 8K65 | SS-5 | Skean — RussianSpaceWeb.com R14 — Encyclopedia Astronautica FAS: R-14 / SS-5 SKEAN
Надворешни врски
Ракетный комплекс средней дальности Р-14 с ракетой 8К65 (Р-14У/8К65У) Капустин Яр — Баллистическая ракета среднего радиуса действия Р-14 8К65, Р-14У 8К65У SS-5 «Scean» Заброшенные ракетные шахты. Позиции Р-14У. Мурманская область Global Security: R-14 / SS-5 Skean R-14 на aviation.ru
Категорија:Балистички ракети Категорија:Оружје на Советскиот Сојуз