Свети Илија — црква во селото Глобочица која се наоѓа на самиот брег на истоименото езеро.

Историја Камен-темелник за изградба на црквата бил поставен на 19 септември 2011 година,Н., В.. „Глобочани започнаа да ја градат црквата Св. Илија“. ВМ Телевизија. 19 септември 2011., а истата била завршена била во 2014 година. Осветувањето било извршено на 14 септември 2014 година, кога биле одбележани точно 50 години од потопувањето на истоимената потопена црква.Н., Ј.. „На 50 годишнината од потопувањето на Глобочица осветена новата црква Св.Илија“ МРТ. 14 септември 2014. Карактеристично за оваа црква е тоа што камен-плочата од некогашната потопена црква од 15 век е вградена во новата над влезот. Истата била извадена од дното на езеро од страна на нуркачки тим во мај 2012 година.„„Св.Илија“ над вода по 50 години “ MKD.mk. 12 септември 2014.

Архитектура Црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола, која има по една монофора на северната, јужната, западната и источната страна. Влезот на црквата е сместен на западната страна, а просторот пред него е покриен со натстрешница. Објектот е изграден од камен и е покриен со лимен кров. Дворот на црквата е ограден со камена ограда.

Галерија

Поврзано Црква „Св. Илија“ (потопена црква) Црква „Св. Антониј“ Глобочица Дебарско-кичевска епархија Струшко архијерејско намесништво Трета струшка парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Глобочица Глобочица Категорија:Македонската архитектура во 2014 година