Бас Тер () — главен град (префектура) на Гваделуп, кој претставува прекуморски регион и департман на Франција во островската група Мали Антили.INSEE Градот е сместен на истоимениот остров, кој ја опфаќа западната половина на Гваделуп.
Иако претставува административен центар, Бас Тер е втор по големина во Гваделуп, по градот Поент а Питр. Поширокото градско подрачје има население од 44.864 жители, од кои 12.400 живеат во самиот град.податок од 1999 г.
Историја мини|лево|Катедралата „Свети Петар и Павле“ Градот е основан во 1643 г. во планинскиот дел на островот Бас Тер (еден од двата острова на Гваделуп). Повеќепати е уништуван во екот на Англо-француската војна и како нејзина последица. Во 1976 г. се јавил страв од избувнување на вулканот Суфриер, поради што градот бил привремено иселен.
Забележителности Главна црква во градот е катедралата „Свети Петар и Павле“ (Saint-Pierre-et-Saint-Paul) од XIX век, направена од сив камен со бели статуи. Бас Тер има многу зачувани градби од колонијално време. Позначајни градски свратилишта се плоштадот „Арбоово Поле“ (Champ d'Arbaud) и паркот Жарден Пишон на југ. На врвот на месниот рид се наоѓаат зоолошката и ботаничката градина, сместени во поголем парк на брегот на реката Ерб кој претставува резерват на растенија и животни.
Клима Бас Тер е сместен на преодно место помеѓу екваторскиот и монсунскиот климатски појас. Врнежите се застапени преку целата година, со нешто посув период од јануари до март. Најсувиот месец (февруари) има просечни врнежи од 60 мм. Температурата во градот е релативно рамномерна во текот на целата година.
Поврзано Бас Тер (остров) Општини во Гваделуп
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Општини во Гваделуп Категорија:Префектури во Франција Категорија:Мали Антили Категорија:Главни градови во Карибите Категорија:Населени места основани во 1643 година