мини|300x300пкс|Карта на Ромите во Македонија (2021)мини|десно|250п|Македонски Роми околу 1900 г. Роми во Македонија — малцинска етничка група во Македонија. Според пописот од 2002 година, во Македонија живеат околу 53.879 Роми или 2,66% од вкупното население. Општина Шуто Оризари е единствената општина во светот каде мнозинството се Роми, а воедно и единствена општина во светот каде ромскиот (балканскоромскиот) е службен јазик, покрај македонскиот. Исто така со Уставот од 2001 г. Ромите во Република Македонија се признати како народ единствено во светот. Интересен е податокот дека Ромите се претежно населени во градовите, така што дури 95% од македонските Роми живеат во градските средини.
По религија огромното мнозинство од Ромите се муслимани, но постои и мал број на Роми со христијанска вероисповед (познати под името Масарманги, Масрманговци) кои живеат во неколку градови од источна и југоисточна Македонија.
Историја мини|лево|Роми играат оро, Скопје, 1931 Првите доселувања на Роми на територијата на Македонија се забележуваат во средниот век, односно околу XIV век. Нивното главно доселување е за времето на турските освојувања на Македонија кон крајот на XIV и почетокот на XV век, кога тие работеле како слуги на турските генерали и големци. Постои теорија и дека Ромите се доселени во Македонија уште од времето на Александар Македонски бидејќи тие работеле како негови ковачи при неговото освојување на Египет. Оваа теорија ја застапуваат дел од Ромите кои себеси се нарекуваат Египќани (Еѓупци) и се сметаат за посебна етничка група од Ромите, кои се со потекло од индиската област Пенџаб од народот Дравиди.
Население мини|десно|250п|Македонски Роми-музичари во 1863 г. На табелата е прикажан бројот на Ромите во Македонија по општини, според пописот од 2002 и 2021 година: Општина 20022021Скопје23.20218.498Прилеп4.4333.966Куманово4.2562.795Битола2.6132.890Тетово2.3571.885Гостивар2.2372.273Штип2.1952.301Кочани1.9511.892Кичево1.6302.003Виница1.230744Дебар1.0801.140Велес800507Кавадарци679729Крива Паланка668447Делчево651475Берово459339Неготино453493Илинден428476Пехчево390256Сарај273255Радовиш271261Ресен184314Кратово151100Струмица147218Петровец13454Градско127183Струга116177Зелениково9244Студеничани7346Свети Николе7245Охрид69232Теарце6750Дојран5930Ранковце57143Јегуновце4149Пробиштип37104Валандово3224Босилово2416Чучер-Сандево2323Демир Капија1637Македонска Каменица14–Гевгелија1321Долнени13–Демир Хисар1116Маврово и Ростуше103останати општини41134
Познати Македонски Роми Есма Реџепова - пејачка, „Кралица на ромската песна“ Амди Бајрам - пратеник во Собранието на РМ во повеќе мандати Неждет Мустафа - политичар, потпретседател на Владата на РМ Фаик Абди - политичар, пратеник во Собранието на РМ во повеќе мандати, основач на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) Мухарем Сербезовски - популарен кантавтор, поет и преведувач Ферус Мустафов - македонски кларинетист и саксофонист Уснија Реџепова - српска и македонска пејачка и глумица Бајрам Северџан - глумец Неждет Мустафа - политичар, инистер без ресор во периодот 2008–2017 и водач на Обединета партија за еманципација на Ромите (ОПЕР) Забит Мемедов - глумец, ѕвезда на филмовите „Дом за бесење“ и „Црна мачка, бел мачор“ Ферус Мустафов - виртуоз на повеќе инструменти, со светска популарност Неат Велиов - музичар, водач на Кочани Оркестар Вели Мумин - трофеен боксер Адријано Џеладин - сопственик на телевизиско студио во Франција Рахим Бурхан - режисер, раководител на познатиот театар „Пралипе“ Јасмин Шабан - поранешна сопруга на Боб Фарел, пејачот од групата „Бони М“ Самка Ибраимовски - политичар, претседател на политичката партија ПЦЕР Шабан Иљаз - поет и преведувач
Наводи
Поврзано Роми Ромски јазик
Надворешни врски „Ромскиот јазик во Македонија впо третит милениум: прогрес и проблеми“ , Виктор Фридман. „Ромскиот јазик во Република Македонија: статус, употреба и социолингвистички перспективи“ , Виктор Фридман.