left|thumb|Гратчето во 1977 г. thumb|left|Поглед на Обан и Полумесечевиот Залив.

Обан (англ. Oban) е најголемото населено место на Стјуартовиот Остров, најјужниот населен остров во рамките на архипелагот на Нов Зеланд. Обан се протега на Полумесечевиот Залив (Halfmoon Bay), на Патерсоновиот Мореуз. Местото е поврзано со Јужниот Остров авионски до Инверкаргил, и со траект до местото Блаф.

Местото е наречено по градот Обан во Шкотска,Шкотски топоними низ светот - од Фајф до Обан најверојатно заради силното влијание на шкотските доселеници на југот на Нов Зеланд во колонијално време.

Според пописот од март 2001 г. постојаното население на островот броело 387 жители, што е за 30 души помалку од бројот во 1996 г. Околу 80% од жителите живеат во Обан. Според понови проценки населението брои околу 400 жители, а островот бележи умерен стопански раст, особено со развојот на туризмот и владините инвестиции од неколку милиони долари, што се должи на отворањето на националниот парк Ракиура.Стјуартовиот Остров доби помош од 5.6 милиони долари - Новозеландски Хералд, вторник, 12 јули 2005

Наводи

Категорија:Градови во Нов Зеланд Категорија:Населени места во Нов Зеланд Категорија:Стјуартов Остров Категорија:Саутленд