Свети Јован Крстител (понекогаш нарекувана Отсекувањето на главата на Свети Јован Крстител) — главна манастирска црква на Горноподлошкиот манастир во кочанското село Горни Подлог, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа во северниот дел на селото.

Историја

Уште во минатото во селото постоело оброчиште, односно место каде имало црква. Тоа се наоѓало северозападно од селото. Во 1940 година, таму било изградено манастирчето „Св. Јован“.

Според други извори, црквата е изградена во 1942 година, а била осветена во 1968 година од страна на митрополитот Злетовско-струмичко г. Наум.

Галерија

Поврзано Кочанско архијерејско намесништво Грдовска парохија Горни Подлог

Наводи

Надворешни врски

Горни Подлог Категорија:Горноподлошки манастир