Меријен Евелин Габриел Фејтфул (; – ) ― англиска рок-пејачка. Стекнала популарност во 1960-тите по објавувањето на нејзиниот хит-сингл „As Tears Go By“ и станала меѓу најистакнатите пејачки за време на британската инвазија во САД. Во текот на нејзината долгогодишна кариера, која трае повеќе од пет децении, Фејтфул се истакнала како еден од симболите на „Свингинг Лондон“, била во романтична врска со Мик Џегер и доживеала многу лични и професионални подеми и падови. Во текот на 70-тите била анорексична, живеела како бездомник и била зависна од хероин. На музичката сцена се вратила во 1979 година со објавувањето на нејзиниот најуспешен албум Broken English.

Фејтфул била вклучена во списокот од „100 најдобри рокенрол-пејачки“ според VH1 . Добила „Светска награда за животно дело“ на Женските светски награди во 2009 година, а владата на Франција ја прогласила за командир (Commandeur) од Редот на уметностите и писмата.

Живот и кариера Фејтфул е родена во лондонската населба Хемпстед како ќерка на мајорот Роберт Глин Фејтфул и балерината Ева фон Захер-Мазох. Меѓу нејзините предци од страна на мајка ѝ се издвојува австрискиот писател Леополд фон Захер-Мазох, автор на класичното дело Венера во крзно, а од неговото презиме потекнува и терминот мазохизам. Детството го поминала во Сафолк и на 17 години се преселила во Лондон каде што ја започнала нејзината музичка кариера.

1960-ти мини|Оглас од Cashbox, 19 септември 1964 година Фејтфул кариерата како пејачка ја започнала во 1964 година, кога почнала да пее фолк-песни во кафулиња.Faithfull, Marianne. Faithfull: An Autobiography Boston: Little, Brown; 1994. На почетокот од 1964 година присуствувала на забавата за промоција на Ролинг Стоунс каде го запознала Ендрју Луг Олдам, кој ја „открил“. „As Tears Go By“, нејзиниот прв сингл, бил напишан и компониран од Џегер, Кит Ричардс и Олдам и забележал успех на топ-листите. (Ролинг Стоунс ја снимиле нивната верзија од песната една година подоцна, која исто така била успешна.) Фејтфул се омажила за Џон Данбар на 6 мај 1965 година во Кембриџ, а потоа живееле во Лондон. На 10 ноември 1965 година на двојката ѝ се родил нивниот син Николас.

Во 1966 година започнала врска со Мик Џегер и го оставила сопругот за да живее со него. Двојката станала озлогласен дел од хипи-движењето Свингинг Лондон. Фејтфул може да се слушне во песната „Yellow Submarine“ од Битлси. Од страна на полицијата била пронајдена облечена само во крзнен килим кога бил извршен претрес за дрога во куќата од Кит Ричардс во Вест Витеринг во Сасекс. Во едно интервју, 27 години подоцна, Фејтфул признала дека инцидентот со крзнениот килим во рацијата за дрога го уништила нејзиниот личен живот: „Ме уништи. Ако си маж зависник од дрога и да се однесуваш така секогаш ти годи и те сметаат за гламурозен. Жена во таква ситуација станува курва и лоша мајка“. Тогаш Фејтфул изгубила три можности да се појави во филмови. „Навистина мислев дека ја уништив мојата кариера“. Во 1968 година, Фејтфул, која веќе била зависна од кокаин, родила ќерка-мртвороденче.Faithfull, Marianne. Faithfull: An Autobiography Boston: Little, Brown; 1994. ISBN 0-316-27324-4

Нејзиното прво професионално појавување во театар го имала во Лондон во 1967 година во сценската адаптација на Три сестри од Чехов. Во Лондон во 1969 година, Фејтфул ја глумела Офелија во Хамлет, а подоцна бил снимен и филм под наслов Хамлет во кој ја глумела истата улога. лево|мини| Фејтфул настапува на холандската ТВ-програма Фанклуб на 17 септември 1966 година Присуството на Фејтфул во животот на Џегер се одразило во некои од најпознатите песни од Ролинг Стоунс. „Sympathy for the Devil“, од 1968 година, делумно бил инспириран од „Мајсторот и Маргарита“, напишана од Михаил Булгаков, книга што Фејтфул му ја понудила на Џегер. Песната „You Can't Always Get What You Want“ од 1969 година наводно била напишана за Фејтфул; песните „Wild Horses“ и „I Got the Blues“ од 1971 година наводно биле инспирирани од Фејтфул.

Таа била бисексуалка, а во текот на 1960-тите имала врски со мажи и со жени. мини| Мајкл Купер, Мик Џегер, Маријана Фејтфул, Шепард Шербел, Махариши Махеш Јоги и Брајан Џонс на Кралскиот Концертгебау на 1 септември 1967 година

1970-ти Фејтфул ја раскинала врската со Џегер во мај 1970 година, по што започнала афера со англо-ирскиот благородник „Педи“ Розмор. Истата година го изгубила старателството над нејзиниот син што довело до обид за самоубиство. Личниот живот на Фејтфул бил во надолна линија, а во кариерата го допрела дното. Имала само неколку настапи, вклучувајќи го и настапот во октомври 1973 година со Дејвид Боуви.

Фејтфул две години живеела како бездомник на лондонските улици, страдајќи од зависност од хероин и анорексија нервоза.Sylvie Simmons interview, Mojo Magazine, 2005

Во 1979 година, Фејтфул го објавила нејзиниот најпознат и најуспешен албум, Broken English. Песните како „The Ballad of Lucy Jordan“ и „Why’d Ya Do It?“ станале култни класици и добиле одлични критики. Овој албум ја прикажал нејзината трансформација од поп-пејачка во музичар со мрачен и агресивен стил, одразувајќи ги нејзините лични искуства.

Подоцнежна кариера и активности (1980-денес) Објавувањето на албумот Broken English означил нов почеток во нејзината кариера, кој продолжил со неколку други успешни изданија како: Dangerous Acquaintances (1981), A Child’s Adventure (1983) и Strange Weather (1987), во кои Фејтфул ја потврдила нејзината истрајност и уметнички капацитет. Во 1988 година, Фејтфул се омажила за писателот и глумец Џорџо Дела Терза, а тие се развеле во 1991 година.

Откако Роџер Вотерс собрал екипа од познати музичари за да ја изведе рок-операта Ѕид во живо во Берлин во јули 1990 година, Фејтфул ја играла улогата на мајка на Пинк. Нејзината музичка кариера по третпат заживеала во раните 1990-ти со албумот во живо Blazing Away.

Во 1994 година, таа ја објавила нејзината автобиографија Фејтфул, во која детално го опишала нејзиниот живот, борбата со зависноста и нејзиниот однос со познатите личности од тој период.

Турнеите на Фејтфул постојано биле прекинувани поради здравствени проблеми. Кон крајот на 2004 година, таа го откажала европскиот дел од светската турнеја откако колабирала на сцената во Милано и била хоспитализирана поради исцрпеност. Во септември 2006 година, таа повторно ја откажала концертната турнеја, овој пат откако и бил дијагностициран рак на дојка. Следниот месец била оперирана во Франција и не бил потребен понатамошен третман поради тоа што туморот бил фатен во многу рана фаза.

Фејтфул се појавила како царицата Марија Тереза во биографскиот филм Марија Антоанета од Софија Копола од 2006 година. Таа глумела во филмот Ирина Палм, објавен на филмскиот фестивал Берлинале во 2007 година. Фејтфул ја играла главната улога на Меги, 60-годишна вдовица која станува сексуална работничка за да плати медицински третман за нејзиниот болен внук. десно|мини| Фејтфул на настап во 2008 година Во 2010 година ја добила наградата „Икона на годината“ од списанието Q.

Во 2023 година, списанието Ролинг Стоун ја рангирал Фејтфул на 173-то место на списокот од „200 најдобри пејачи на сите времиња“.

На 4 април 2020 година, било објавено дека Фејтфул била во болница во Лондон каде се лекувала од пневмонија откако била позитивна на тестот за КОВИД-19. Била отпуштена по тринеделна хоспитализација.

Дискографија

Marianne Faithfull (1965) Come My Way (1965) Go Away from My World (1965) North Country Maid (1966) Faithfull Forever (1966 Love in a Mist (1967) Dreamin' My Dreams (1976, реиздаден во 1978 со додадени 4 нови нумери) Broken English (1979) Dangerous Acquaintances (1981) A Child's Adventure (1983) Rich Kid Blues (1985, recorded in 1971) Strange Weather (1987) A Secret Life (1995) The Seven Deadly Sins (1998) Vagabond Ways (1999) Kissin Time (2002) Before the Poison (2005) Easy Come, Easy Go (2008) Horses and High Heels (2011) Give My Love to London (2014) Negative Capability (2018) She Walks in Beauty (2021)

Наводи

Надворешни врски

Мрежно место на обожавателите од Мeријeн Фејтфул Faithfull Forever – Инспирирано од Мeријeн Фејтфул

Категорија:Англиски рок-музичари Категорија:Австриско благородништво Категорија:Статии со hCards Категорија:Статии со краток опис Категорија:Англиски писателки Категорија:Панк-рок пејачки Категорија:Ролинг Стоунс Категорија:Пејачи од Лондон Категорија:Англиски ЛГБТ-пејачи Категорија:Англиски филмски глумици Категорија:Англиски ЛГБТ-глумци Категорија:Англиски автобиографи Категорија:Англиски рок-пејачки Категорија:Глумици од Лондон Категорија:Англиски ЛГБТ-писатели