Основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ - ЕгриСелото Средно Егри понекогаш се нарекува само Егри, бидејќи останатите две села наречени Долно и Горно Егри, се целосно напуштени, раселени и скоро и да немаат никакви остатоци.; скратено: ПООУ „Крсте Петков Мисирков“) — подрачно основно училиште во селото Средно Егри, претставува единка на истоименото училиште од селото Бистрица, Општина Битола.

Училиштето е именувано по истакнатиот македонски филолог Крсте Петков Мисирков.

Местоположба

Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Средно Егри.

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува на македонски наставен јазик.

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Битола Средно Егри Категорија:Средно Егри