Хефрен Тирам-Улјен (роден на 26 март 2001 во Реџо Емилија) — француски фудбалер, играч од средниот ред на Јувентус и на француската репрезентација.

Биографија Роден е во Реџо Емилија во периодот додека неговиот татко Лилијан, исто така фудбалер, играл за . Неговото име е инспирирано од египетскиот фараон Хефрен.

Тој е помлад брат на Маркус Тирам и братучед на Јоан Тирам-Улјен, и двајцата исто така фудбалери.

Технички карактеристики Играч од средниот ред со забележителна физичка сила, динамика и добра техника, има добар удар и одлично забрзување. Добар во маневрирање и играта во воздух, во 2018 тој бил вклучен во листата на најдобрите шеесет фудбалери родени во 2001 година составена од The Guardian.

Клупска кариера Монако и Ница Откако во почетоците на својата кариера играл за различни младински тимови, во 2016 година Тирам се приклучил на младинскиот сектор на . Своето деби за првиот тим го направил, на 17-годишна возраст, на 28 ноември 2018 година, во натпреварот од Лигата на шампионите загубен со 2-0 од , заменувајќи го Александар Головин.

Откако неговиот договор со Монако истекол, на 26 јуни 2019 година, Тирам потпишал за .AGREEMENT WITH KHEPHREN THURAM ogcnice.com Дебитирал за клубот на 17 август, во натпреварот против Ним. На 3 октомври 2020 година, тој го постигнал својот прв гол за Ница, во победата со 2-1 на домашен терен над Нант.

Во сезоната 2022-2023, тој одиграл 35 натпревари и постигнал 2 гола за Ница во Лига 1, а неговите изведби биле толку добри што довеле до тоа да биде избран во Тимот на сезоната.

За Ница одиграл пет сезони, во кои настапил на вкупно 167 натпревари и постигнал девет гола.

Јувентус На 10 јули 2024 година, Тирам преминал во , во трансфер вреден 20,6 милиони евра, потпишувајќи петгодишен договор со клубот од Торино. Тој го направил своето деби за Јувентус на 19 август, започнувајќи го натпреварот од првото коло на првенството против Комо, добиен со 3-0. На 29 декември, тој ги постигнал своите први голови за Јувентус, постигнувајќи два гола во домашниот натпревар против Фјорентина во првенството, кој завршил нерешено 2-2. На 3 март, во победата од 2-0 на домашен терен против Хелас Верона, тој го постигнал првиот од двата гола.

Репрезентативна кариера Тирам играл за младинските репрезентации на Франција од под 16 до под 21 година.

На 16 март 2023 година, тој бил повикан за првпат во сениорската репрезентација, за која го имал своето деби 8 дена подоцна, влагувајќи како замена во завршницата од натпреварот во кој триколорите ја победиле со 4-0 во квалификациите за Европското првенство 2024.

Хронологија на репрезентативните настапи

Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 28 септември 2024.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2018-2019 Монако 2 НПФ2 14 1 - - - - - - - - - 14 1 2018-2019 Монако Л1 0 0 КФ+ЛКФ 0+1 0 ЛШ 2 0 СФ - - 3 0 2019-2020 Ница 2 НПФ3 4 0 - - - - - - - - - 4 0 2019-2020 Ница Л1 14 0 КФ+ЛКФ 2+0 0 - - - - - - 16 0 2020-2021 Л1 29 2 КФ 1 0 ЛЕ 3 0 - - - 33 2 2021-2022 Л1 36 4 КФ 5 0 - - - - - - 41 4 2022-2023 Л1 35 2 КФ 1 0 ЛК 122 настапи во квалификациските кола. 0 - - - 48 2 2023-2024 Л1 27 1 КФ 2 0 - - - - - - 29 1Вкупно Ница 141 9 11 0 15 0 - - 167 9 2024-2025 А 35 4 КИ 2 1 ЛШ 9 0 СИ+Скп 1+4 0 51 5Вкупно во кариерата 176 13 14 1 26 0 5 0 221 14

Наводи

Надворешни врски

Хефрен Тирам на soccerway Хефрен Тирам на transfermakt Хефрен Тирам на espn Хефрен Тирам на whoscored

Категорија:Француски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Монако Категорија:Фудбалери на ФК Ница Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Родени во 2001 година