Џозеф Олувасеји Темитопе Ајоделе-Арибо (роден на во ), на скратено познат како Џо Арибо — нигериски фудбалер, играч од средниот ред на и на нигеријската репрезентација. Иако е роден и израснал во околината на Лондон, Англија, поради нигериското потекло се одлучил репрезентативно да ја претставува оваа африканска земја.

Својата клупска кариера ја започнал во полупрофесионалниот клуб Стејнс Таун за потоа да помине четири години со Чарлтон Атлетик во фудбалската лига. Во 2019 година потпишал за шкотскиот гигант Ренџерс, каде што го освои шкотското првенство во 2021 година и Купот на Шкотска една година подоцна. Во летото 2022 година, потпишал за .

Својот дебитантски настап за Нигерија го направил во 2019 година. Бил во составот на репрезентација на Африканскиот куп на нации 2021.

Технички карактеристики Арибо е разноврсен играч кој може да игра централно или странично во средниот ред. Технички умешен, тој може да ги користи своите долги нозе за делотворно да ја заштити топката од противниците. Меѓу неговите силни страни се брзината со топката во нозете и способноста да се прилагоди на повеќе позиции на теренот.

Титули Ренџерс Премиер лига на Шкотска : 1 2020-2021 Куп на Шкотска : 1 2021-2022

Надворешни врски

Џо Арибо на soccerway Џо Арибо на transfermarkt Џо Арибо на espn Џо Арибо на whoscored

Категорија:Фудбалери на ФК Чарлтон Атлетик Категорија:Фудбалери на ФК Ренџерс Категорија:Фудбалери на ФК Саутхемптон Категорија:Фудбалери на ФК Лестер Сити Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Живи луѓе Категорија:Нигериски фудбалери