Ингалил Маргарета Мосандер, моминско Ларсон (родена на 17 јули 1943 година),Sveriges befolkning 1980, CD-ROM, Version 1.02, Sveriges Släktforskarförbund (2004). е шведски новинар, позната како плоден рецензент на книги на телевизија и во печатените медиуми.
Биографија Мосандер е родена во Ескилстуна.
Работела како новинар во Дагенс Нихетер, Вестманландс, Билдјурнален, ВекоЖурнален и Експресен, и во Афонбладет од 1979 година Во 2006 година, списанието Свенск бокхандел ја прогласило за „највлијателна шведска новинарка во бизнисот со книги“. Таа била водителка на радио шоуто Сомар во јуни 2014 година. Мосандер, исто така, критикувала книги за веб-страницата Сениорен. Во 2004 година и била доделена стипендијата Аксел Лифнер.
Од 1999 до 2019 година, Мосандер неделно критикувала книги за телевизиското шоу Добра вечер емитувано на СВТ. Во септември 2019 година, СВТ објавила дека одлучиле да не го задржат сегментот за критика на книги на Мосандер во шоуто, што довело до критики од многу гледачи. Мосандер протестирала против одлуката.
Личен живот Мосандер била во брак со хирургот Бо Ериксон помеѓу 1967 и 1974 година.Sveriges befolkning 1970, CD-ROM, Version 1.04, Sveriges Släktforskarförbund (2002). Во 1987 година, таа се омажила за новинарот Јан Мосандер.Sveriges befolkning 1990, CD-ROM, Version 1.00, Riksarkivet (2011). Ингалил Мосандер и нејзиниот сопруг биле двајца од петте Швеѓани кои ја преживеале катастрофата на Коста Конкордија во 2012 година. Retrieved 4 October 2019 Мосандер го поддржала кривичното осудување на капетанот Франческо Скетино.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Статии со hCards Категорија:Родени во 1943 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Шведски новинари Категорија:Луѓе од Ескилстуна