Св. Никола Чудотворец — православна црква во градот Кратово, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Кумановско-кратовското архијерејско намесништво во Кумановско-осоговската епархија на МПЦ - ОА.
Историја мини|лево|250п|Преписка од 1666 г. во која се спомнува дека црквата е соборна. Црквата се наоѓа во источниот дел на населбата Царина и се смета за најстара сè уште постоечка црква во градот. Храмот своевремено бил катедрала на Кратовските епископи, за што сведочи една преписка од 1666 г. во евангелие подарено на црквата. Храмот на многу наврати е рушен и одново граден. Последен пат настрадал во 1822 и обновен е во 1848 г.
Во 1890 г. во црковнот двор двор западно од храмот е подигната зграда на бугарско училиште, познато како Старовремска школа.
Архитектура Црквата е еднокорабна и едноапсидна. Изградена е од делкан камен и малтер. Има димензии од 10,5 м во должина, 5,90 м во ширина и 6,80 м во висина.
Внатрешност Внатрешноста на црквата е насликана од преродбенички мајстори. Иконостасот е изработен при обновата на храмот во 1848 г. Има богата резба и вредни икони, некои од XVI век. Главната икона на Свети Никола е дело на истакнатиот крушевски зограф Никола Михајлов. Иконата „Света Богородица Умиление“ е од XV век.
За мошне вредни се сметаат и царските двери. Се одликуваат со ажурна техника, со пробивање на дрвото и употреба на најразлични цветни и геометриски мотиви, како и фигури на животни. Слични двери имаат и црквите „Св. Ѓорѓи“ во Петралица, „Воведение на пресв. Богородица“ во Карпино, „Св. Богородица“ во Ранковце и дверите од „Св. Никола“ во „Успение на пресв. Богородица“ во Ќустендил. Дверите се одново насликани во XIX век од самоковски мајстор, веројатно Захариј Зограф. На хетерогениот иконостас има неколку непотпишани икони, кои би можеле да му се припишат на Захариј. Во црквата има и икони кои му се припишуваат на Крсте Зограф од Велес.
Поврзано Кумановско-осоговска епархија Кумановско-кратовско архијерејско намесништво
Наводи
Категорија:Цркви во Кратово Кратово