Света Богородица (во минатото позната како Свети Никола) — главна селска црква во селото Ранковце.

Местоположба Црквата се наоѓа на околу 1,5 км северно од селото, на околу 300 м по исклучувањето на десната страна од патот, непосредно пред влезот во соседното село Отошница.

Историја Црквата е гробјанска, била изградена во периодот од ХVI до почетокот на XVII век под името „Свети Никола“ и обновувана е најмалку трипати. Последната поднова е направена во 1840 година, за што сведочи натпис во храмот. Од старата црква зачувани се северниот ѕид, источниот ѕид и дел од апсидата. Сочувани се и дел од старите живописи. Подоцна селаните ја преименувале црквата во „Света Богородица“ бидејќи постојано се уривала.

Архитектура Надворешност Градбата на црквата има правоаголна основа со многуаголна апсида на источната страна, над којашто има натпис според кој народот и црковната управа ја обновиле во 1969 година. На источната страна, непосредно до апсидата има прозорец со решетки окружен со украсна камена рамка. Веднш до источната страна се наредени пет гроба, а од натписот на најголемиот среден гроб се дознава дека во него почиваат поп Стефан и неговиот син по Стоиман. Кон јужната страна е доградена полуотворена припрата, а нејзината внатрешност е живописана и во северозападниот агол се наоѓа гроб. Главниот и споредниот влез се наоѓаат на јужната страна, а над главниот има ниша со фреска на Свети Никола. Храмот во целост е обоен во светлокафена боја со розеви рабови и е покриен со кров од ќерамиди. На кровот е изграден е триеделен споменик, чијшто средишен дел е поголем од страничните и содржи фреска на Богородица со Исус Христос, којашто била насликана од страна на Ацо Николов во 2005 година.

Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени селските гробишта, камбанаријата и помошен објект со трпезарија. Камбанаријата се издига непосредно на левата страна од влезната порта на дворот. Таа се состои од два дела, така што долниот има квадратна основа, додека горниот е со осум аголна основа. На четирите страни коишто соодветствуваат на страните на светот има по еден издолжен правоаголен отвор со фронтон, додека во горниот дел на останатите страни има по една отворена монофора. Изградена е од тули и е покриена со кров од ќерамиди.

Внатрешност Во храмот има шест недатирани царски икони кои му се припишуваат самоковскиот живописец Димитар Зограф. Во југозападниот агол на црквата се наоѓа гробот на нејзиниот обновувач Иван Станковиќ од Ранковце, којшто починал во 1847 година.

Од голема уметничка вредност се царските двери на иконостасот коишто потекнуваат од периодот XVI–XVII век. Се одликуваат со ажурна техника, со пробивање на дрвото и употреба на многубројни цветни и геометриски мотиви, како и фигури на животни. Слични двери имаат црквите „Св. Ѓорѓи“ во Петралица, „Воведение на пресв. Богородица“ во Карпино, „Св. Никола Чудотворец“ во Кратово и дверите од „Св. Никола“ во „Успение на пресв. Богородица“ во Ќустендил.Машниќ, стр. 155

Фрескопис Во 1885 година, црквата е живописана од видниот дебарски мајстор Аврам Дичов, помогнат од Мирон Илиев,Василиев, стр. 204 Григор ПетровВасилиев, стр. 203 и Петар Новев.Василиев, стр. 202 Зографите го оставиле следниот натпис:

Врз старите фрески и врз оние на Аврам Дичов има разни натписи.

Галерија

Поврзано Ранковце Кумановско-осоговска епархија Кривопаланечко архијерејско намесништво

Наводи

Надворешни врски

Ранковце Категорија:Дела на Дебарската школа