Ленче Илкова (родена на ) — македонска ракометарка која игра за ЖРК Гевгелија.

Кариера Илкова ја започнала својата кариера во РК Млаз Богданци (2002–2003), а потоа четири сезони била дел од екипата на Еуростандард ЃП Скопје (2003–2006). Во сезоната 2007/08, таа се приклучила на екипата на македонскиот шампион Кометал Ѓорче Петров Скопје со која играла во лигата на шампионите, но откако клубот се соочил со финансиски проблеми, таа се преселила во турското првенство, во екипата на Муратпаша од Анталија, каде што поминала само една сезона, пред да се приклучи на Усќудар Беледијеспор од Истанбул.

Во сезоната 2013/14, Илкова се приклучила на Енимахале од Анкара. Со клубот таа ја освоила титулата во турското првенство во сезоните 2014/15 и 2015/16. Во летото 2018 година, таа се преселила во редовите на Кастамону Беледијеси.Македонката останува во Турција: Ленче Илкова потпиша за Кастамону gol.mk; 15 јули 2018

По речиси 13 години интернационална кариера, Илкова се вратила во Македонија во сезоната 2022/23, потпишувајќи за екипата на Гевгелија.Познатата репрезентативка се врати во Македонија: Ленче Илкова ќе тресе мрежи за Гевгелија! 24rakomet.mk; 25 август 2022

Наводи

Надворешни врски Ленче Илкова на Европската ракометна федерација

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1984 година Категорија:Македонски ракометарки Категорија:Луѓе од Струмица