Анита Штудер (; р. - ) ― швајцарска сметководителка, орнитолог, конзерватор и еколог.

Уште од 1980 година, Анита била активно вклучена во зачувувањето на шумата во североисточниот дел на Бразил.

Живопис

Родена е во Бриенц. На 12 години со своето семејство се преселила во Женева. Првпат го посетила Бразил во 1976 година за да ги набљудува мноштвото различни птици. На враќањето, дипломирала орнитологија на Универзитетот Нанси. Пет години подоцна, во Бразил, првпат ја видела ретката Форбсова црна птица (Curaeus forbesi), позната меѓу мештаните како „анумара“. Птицата ја забележала во шумата Педра Талјада во државата Алагоас. Нејзиниот ментор ѝ рекол дека таа птица била добро објект за студија, но дека шумата, стаништето на птицата, ќе биде уништено за девет до десет години. Шумата била ископачена поради одгледување стока и плантажи на шеќерна трска. Наместо набљудување на птицата, Штудер одлучила да ја зачува шумата.

Наводи

Категорија:Швајцарски орнитолози Категорија:Швајцарски природозаштитници