Драга Стојанова Божинова ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Произлегува од работничко семејство. Пред заминувањето во партизани била ученичка во трговското училиште. Во СКОЈ била примена 1943 година, а нешто подоцна била избрана и за член на училишниот комитет на СКОЈ. На 7 септември 1944 година, стапила во Дванаесеттата македонска ударна бригада. Била распоредена во Вториот баталјон. Секогаш се одликувала со скромност и дисциплинираност. Поради тоа, била мошне почитувана. Се истакнала и како храбар борец. Активно учествувала во сите борби што Бригадата ги водела против Германците и балистите во Скопско. Иако била веќе избрана за санитетски референт, постојано се наоѓала во првите борбени редови и со личен пример придонесувала во подигањето на борбениот морал. Во борбите за ослободувањето на Скопје, зела активно учество и загинала при извлекување на еден ранет борец, од рафалот на германскиот митралез „Шарац". Бил закопана на скопските гробишта во Бутел.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Жртви во битките за слобода на Скопје