Маријана Фредриксон (родена на 28 март 1927 година во Гетеборг – 11 февруари 2007 година во Естерскар) ― шведски автор која работела и живеела во Рослаген и Стокхолм. Пред да стане романописец, таа била новинарка во разни шведски весници и списанија, вклучувајќи ја и Свенска Дагблет.

Фредриксон објавила петнаесет романи, од кои повеќето се преведени на англиски, германски, холандски и други јазици. Повеќето нејзини претходни книги се темелат на библиски приказни. Централна тема во нејзините списи е пријателството затоа што, како што тврдела, „пријателството ќе биде поважно од љубовта“ во иднината.

Дела

Книгата на Ева (1980) Книгата на Каин (1981) Сагата за Нореа (1983) Децата на рајот (1985) Симон и дабовите (1985) Нoќниот скитник (1988) Загатката (1989) Потопот (1990) Софи (1992) Ќерките на Хана (1994) Според Марија Магдалена (1997) Ингe и Мира (1999) Возљубени деца / Ќерката на Елизабета (2001) Различни реалности (2004) Насмевката на злото (2006)

Категорија:Луѓе од Гетеборг Категорија:Починати во 2007 година Категорија:Родени во 1927 година Категорија:Шведски романописци