мини| Симбол кој претставува семоќност и сеприсутност на Њаме, врховниот бог. |204x204пкс Аканската религија ги опфаќа традиционалните верувања и религиозни практики на народот Акан од Гана и источниот брегот на Слоновата Коска. Аканската религија се наведува и како Аком (од чви збор аком, што значи "пророштво"). Иако повеќето припадници на народот Акан се идентификуваат како христијани уште од почетокот на 20 век, некои уште ја практикуваат аканската религија и таа честопати е синкретизирана со христијанството. Акан имаат многу подгрупи (вклучувајќи Фанти, Ашанти, Акуапем, Васа, Аброн, Бауле и други), па религијата во голема мера варира од регионот и подгрупата.

Акан се народ со околу пет до шест милиони луѓе, од кои повеќето зборуваат јазик познат како чви. Тие го заземаат главно пошумениот регион на јужна Гана и источниот брег на Слоновата Коска како и крајбрежниот Фанти на југ. Тие се поделени на над десетина независни кралства, од кои најпознато е кралството Ашанти (Асанте) чиј главен град е Кумаси во централна Гана.

Слично на другите традиционални религии на Западна и Централна Африка, како што се западноафриканското вуду, јоруба или одинани, аканската космологија се состои од главен бог, кој генерално не комуницира со луѓето и со многу богови кои им помагаат на луѓето.

Ананси е пајак и народен јунак кој е истакнат во народните приказни на Ашанти каде се прикажува како мудар и итар. Во други аспекти на аканската духовност, Ананси понекогаш се смета и за измамник и за божество поврзано со мудроста, одговорно за создавање на првите неживи луѓе, според изучувачот Ентони Ефирим-ДонкорEphirim-Donkor, Anthony. "African Personality and Spirituality: The Role of Abosom and Human Essence". Lexington Books, 2015: pp. 80., слично на Легба, кој исто така е и измамник и божество во западноафриканското вуду.Herskovits, Melville J. and Frances S. "Dahomean Narrative: A Cross-Cultural Analysis." Northwestern University Press (1958), p 35.

Верувања мини|Удирање фуфу|261x261пкс Акан веруваат дека секое човечко суштество е составено од три главни елементи:

крв (могија), што произлегува од матрилинеалниот клан и дава формален социјален статус, карактер, или личност. Се смета дека постои духовна врска помеѓу таткото и неговото дете и дека духот на таткото обезбедува сила и заштита од опасност за неговото дете. душа (кра), која доаѓа од Бога и е трајна компонента на живата личност. Душата може да се врати во земјата на предците само по смртта, иако може привремено да замине за време на спиење или тешка болест. судбина (нкрабеа). Човекот не може да ја промени сопствената судбина, иако се верува дека вештерки и други лица може да се обидат да ја нападнат душата на една личност.

Мит Аканската религија има неколку важни митови за тоа зошто Бог се оддалечил од човештвото. Во еден мит, врховното суштество, Њаме, се изнервирало од звукот што го направила некоја жена Ашанти, која удирала фуфу во дрвено чукало и тој се повлекол далеку од човештвото. Друга верзија го припишува неговото повлекување на фактот дека Ашанти имаат стапови за фуфу што се екстремно долги па кога жените правеле фуфу, краевите на стапчињата го удирале Њаме додека седел горе на небото, па така тој одел сè подалеку. Исто така, постојат митови и илјадници поговорки и афоризми преполнети со разни религиозни наводи.

Божества Акан зборуваат на јазикот чви и ја следат својата историја во Западна Африка околу деветстотини години. За нив се верува дека потекнуваат од Блискиот Исток - како акадскиот народ во Вавилон. Се верува дека името Акан потекнува од Акане или Акана. Во 1076 година Алморавидите ги истерале Акан од нивниот антички дом во империјата на Гана до нивните сегашни локации во Западна Африка во денешна Гана и соседните области на Брегот на Слоновата Коска и Того.

Врховни божества

Апсолут Поврзано: Њаме мини|230x230пкс|Алка со приврзок со знакот на богот Њаме Врховниот создавач е сеприсутен, семоќен, небесен. Неговата сопруга е Асасе Ја (позната и како Мајката Земја), која се смета за втора по Бог. Заедно тие родиле две деца: Бија и Тано.

Следбениците на аканската религија веруваат во врховен бог создавател на универзумот. Тој е далечен и не комуницира со луѓето. Врховното суштество кај народот Акан, Онијаме (Њаме), има многу други имиња. Некои од овие имиња означуваат атрибути, како што се Амосу (давател на дождот), Амовија (дарител на сонце) и Амаоми (дарител на изобилство). За Њаме честопати се смета и дека е женско божество поврзано со Месечината.

Богот создавател носи различни имиња во зависност од регионот на обожавање, вклучително Њаме, Нијанкопон, Брекирихунуаде („Семоќен“), Одоманкома („бесконечен изумител“), ƆbƆadeɛ („творец“) и Ананси Кокуроко („големиот дизајнер "или" големиот пајак"). Повремено се вели дека богот на создавањето е дел од тријонско божество или тријада, кое се состои од Њаме, Нијакопон и Одоманкома.

Акан имаат и второ супербожество, Онјанкопон (Нијакопон), кој е спротивен на Њаме. Тој е маж и е поврзан со Сонцето. Конечно, постои трет, ултрадивински елемент кој се врзува со Онијаме и Онјанкопон во единствена апсолутност: Одоманкома, бесконечното суштество. Овој Апсолут има тринитарен карактер: Бог како машки, женски и релативен принцип; или, метафорички гледано, Месечината, Сонцето и нивниот принцип на врзување. Одоманкома е одговорен и за природното и за натприродното постоење и редовно се фали за време на богослужбата како „Апсолутен архитект“ (Бореборе) на природата.

Како и другите традиционални западноафрикански религии, аканската религија е многубожна. Додека Онијаме се смета за врховен, има многу помали божества, кои вршат моќ над верниците, но тие се подредени на Онијаме. Помали божества мини|182x182px|Предмет кој го претставува СонцетоПодредени на Апсолутот (Онијам, Онјанкопон и Одоманкома), помалите божества се исто така важни за желбите и среќата на поединците кои веруваат во нив. Всушност, многу помали божества не би постоеле или немало да се сметаат за неопходни ако верниците не ги гледале нив како ефективни застапници, посредници или гласници на Апсолутот, односно до врховните болгови Онијаме, Онјанкопон и Одоманкома. Со боговите се постапува со почит ако испорачуваат и со презир ако не успеат. Бог за кој се смета дека честопати не успева повеќе не се обожува. Меѓу помалите богови на Акан е и Анансе (исто така напишано Ананси или Ањанс), кој честопати е претставен во митовите како пајак и измамник - митолошка фигура, која би требало да го надмине јазот меѓу Бог и луѓето преку неговата дивитаторска и оракуларна мудрост. Анансе е толку успешен во справувањето со Апсолутното божество што Акан го ценат многу.

Акан прават разлика помеѓу два главни вида на божество: абосом (обсом) и асуман (суман). Иако во суштина е ист вид моќ, за првите се вели дека се големи и персонализирани, за вторите мали и неперсонализирани. Исто така, има мали шумски суштества и застрашувачки џинови (сасабонсам).

Абосом Абосом се пониски божества или духови кои им помагаат на луѓето на земјата. Овие се слични на ориша во јорупската религија, на водун во западноафриканското вуду и неговите деривати, и алуси во одинани. Абосом ја добиваат својата моќ од богот создавач и најчесто се поврзани со светот. Свештениците служат на некој поединечен абосом и дејствуваат како посредници меѓу абосом и човештвото. Многумина од оние што веруваат во овие традиции учествуваат во дневната молитва, што вклучува и дарови за предците што се закопани под земјата и за духовите кои се насекаде.

Постојат стотици абосом кои може да се повикуваат поединечно или како група. За нив се вели дека се деца Божји или Божји гласници и се идентификуваат со езера, реки, карпи и други природни предмети. Општо земено, за нив се смета дека можат да лекуваат болести и социјални проблеми, да откриваат вештерки и да бидат сведоци на вистината на некој настан. Во исто време тие се опасни поради нивните разорни моќ и каприциозни однесувања. Тие се со слободен опсег, но можат да бидат привремено сместени во светилишта во форма на глинени садови. Специјалисти за обред што поседуваат божество се нарекуваат осфо или обсомфо. Постојат и медиуми (окомфо) кои стануваат опседнати од некое божество и, без оглед дали е свештеник или свештеничка, се сметаат за негова сопруга. мини|259x259пкс|Тапани со знакот на Њаме

Асуман Асуман се предмети направени од човекот во кои престојува мистична моќ. Тие се движат од мали неперсонализирани амајлии кои содржат магични сили во себе, до поперсонализирани што личат на абосом. Општо земено, асуман се пониски во хиерархијата на божествата отколку абосом и дејствуваат како нивни гласници. Тие се повикуваат за секојдневни проблеми, а за нивните овластувања се вели дека се поконкретни од оние на абосом.

Предци Асаманфо се предците. Понекогаш се нарекуваат и духови. Предците (асаман или асаманфо) живеат заедно на место за кое се вели дека е над висока планина или преку река. За нив се верува дека знаат што прават живите на земјата и можат да им помогнат на оние кои имаат потреба или да ги казнат судирите или погрешните постапки со тоа што ќе предизвикаат болест, па дури и смрт. Предците на заминатите глави на обична лоза ги надгледуваат и поддржуваат членовите на таа лоза; оние од главната лоза го прават тоа и за кралската лоза и за припадниците на целиот град.

Црните столици, кои се поцрнети со крв и други материи, функционираат како светилишта кои дејствуваат како привремени места за одмор на духовите на предците на одредена матрица кога се повикуваат за време на ритуалите. (Со предците може да се контактира каде било во кое било време.) Црните столици се чуваат во посебна столица во семејната зграда или палатата. Постојат многу детални погребни церемонии за началниците, вклучително и секундарни погребни прослави и, порано, масовни човечки жртви. Не постојат медиуми (окомфо) за предците, иако поединците повремено стануваат опседнати од нив.

Церемонии мини|219x219px|Акаn Одвира Годината е поделена на девет ритуални единици (секоја од четириесет и два дена), првиот ден од секоја се нарекува адае. Во адае, некои богови се слават и предците се почитуваат преку црниот стол кој се чисти и потоа се помазува. Сите акански кралства имаат годишна прослава, наречена Апо или Одвира. Комплексниот фестивал, Апо се состои од голем број ритуални активности, вклучувајќи прочистување на натрупаните гревови и осквернување на претходната година, помазание на светилиштата на боговите и црните столици на предците, прослава на првите плодови (Јам фестивал ) и обновување на моќта на кралот, а со тоа и на кралството. Практики Во сите акан општества, болести како неплодност и прерана смрт се од централно значење. Билкари се консултираат за специфични заболувања и скршени коски, но бидејќи на болеста обично не се гледа едноставно како на обична физичка состојба, за лекување се консултираат медиуми за да се открие дали болеста или честите смртни случаи во едно семејство се предизвикани од некаков предок, божество или со други средства. Луѓето со висок статус се особено загрижени да не бидат отруени од лош лек. За вештерките се вели дека се претежно жени кои работат во сојузи во духовниот свет и се верува дека напаѓаат само членови на нивните семејства.

Во текот на минатиот век се појавиле и се шират многу движења против вештерство. Најзабележително било движењето Абирева на почетокот на 20 век, проследено со неодамнешното Тигаре и други движења од север. Новите христијански движења исто така се зголемиле, привлекувајќи голем број следбеници кои истовремено одат во главните протестантски или католички цркви а воедно ги почитуваат и традиционалните богови.

Влијанија