Македонско-грузиските односи се надворешните односи меѓу Македонија и Грузија.
На 16 февруари 2019, за време на Минхенската безбедносна конференција, министрите за надворешни работи на Македонија и Грузија потпишале Протокол за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји. Во март 2018 година, Претседателите на Собранијата на Македонија и Грузија, Талат Џафери и Иракли Кобахиѕе оствариле средба на Интерпарламентарната унија во Женева. Претседателот на Грузиското Собрание ја истакнал важноста од започнување на поинтензивен политички дијалог меѓу Грузија и Македонија, посочувајќи дека двете земји сè уште немаат воспоставено дипломатски односи, а имаат слични цели и предизвици, како што се интеграцијата во ЕУ и НАТО.
Грчкиот весник Елефтеротипија објавил дека Грузија имала намера да ја признае Македонија под нејзиното уставно име во 2010. Меѓутоа, грчката дипломатија се заканила со блокада на грузиската интеграција во НАТО, како и блокада на пристапот кон економската помош од ЕУ, доколку Грузија се одлучила на таков чекор. Македонското МНР ја демантирало оваа информација.
Наводи
Категорија:Билатерални односи на Македонија Категорија:Билатерални односи на Грузија