Пиериски Планини, Пиерија или Фламбуро (, Φλάμπουρο) — планински венец во јужниот дел на Егејска Македонија, на територијата на Берско, Катеринско и Кожанско (денешните окрузи Иматија, Пиерија и Кожани). Највисока точка е врвот Бајрак (гр. Фламбуро) со 2.193 м. Има издолжен облик, образувајќи долг тесен гребен, во правец североисток-југозапад.

Географски и историски одлики Прекриена е со мешана листопадна и зимзелена шума и претставува една од најбогатите планини со растителност во денешна Грција, како и една од најпристапните.

На подножјето на Пиериските Планини наоѓа познатото село Кутлеш и остатоците од древната македонска престолнина Ајга.

Рекреација На Пиериските Планини е сместен скијачкиот центар Скутерна (гр. Елатохори).

Поврзано Камбуница Пиерија (округ)

Наводи

Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Пиерија Категорија:Иматија Категорија:Кожани (округ)